Заев : Пораката е сфатена,слабостите мора да ги корегираме

Премиерот Зоран Заев во Тетово  порача да го продолжиме патот што заедно го почнавме зашто друга алтернатива нема. 

Не ни треба да се вратиме ов 90-тите години, а правдата и правото остануваат императив и ќе бидат главно начело на претседателот на државата.

-Бројките од првиот изборен круг народот ги димензионираше така за да ги засукаме ракавите, да ги загрееме чевлите и да истрчаме за државата. Ова е најсилната потврда за успешноста на изборите. Да се потрудиме секој граѓнин да го соопшти својот став согласно личното убедување, нагласи Заев.

Според него, Мицкоски е декласиран зашто ако опозицијата нудеше алтернативи, ќе одеше напред.

-Точно е дека и ние паднавме, ја добивме пораката од граѓаните. Но, тие не гласаа за опозицијата, за Мицкоски и за Силјаноска. Отидоа дома, чекаат да видат дали пораката е сфатена. Пораката е сфатена. Слабостите мора да ги корегираме. Чуму ми се гласови ако државата не оди напред. Видовме 28 години гласовите што носат, „сишол мурто за да дојде курто", рече лдерот на СДСМ.

Пред присутните зборуваше и министерот за дијапсора Едмонд Адеми. Рече дека верува во социјалдемократијата и во концетптот – едно општество за сите.

-Граѓанскиот концепт мора да успее, каде ако не во Тетово. Во овој концепт верувам и го живеам. Републиката и правдата не носат ништо ако на чело на државата го немаме вистинскиот човек, а тој е тука, меѓу нас, подвелече Адеми и повика сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци,…, масовно на 5 мај да изелзат на гласање и да го поддржат Пендаровски. 

Средба Димитров – Лајчак

Словачкиот шеф на дипломатијата Лајчак, кој се наоѓа во дводневна посета на нашата земја, ќе биде примен и од државниот врв на  Македонија. 

 Актуелните предизвици во регионот на ОБСЕ, процесот на пристапување на Македонија во НАТО и во Европската Унија, како и динамиката и развојот на македонско-словачките билатерални односи ќе бидат теми на средбата денеска во Скопје на словачкиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мирослав Лајчак, со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што соопштија од МНР, покрај тет-а-тет средбата, Димитров и Лајчак ќе имаат воведно обраќање на Втората пленарна сесија на Националната конвенција за Европска Унија во  Македонија, во организација на Европското движење  Македонија и Словачкото здружение за надворешна политика. На форумот ќе се дискутира за реформите во неколку поглавја на Европската Унија, вклучително и за поглавјата 23 и 24: Правосудство и основни права и Правда, слобода и безбедност.

Словачкиот шеф на дипломатијата Лајчак, кој се наоѓа во дводневна посета на нашата земја, ќе биде примен и од државниот врв на  Македонија. 

Ново рочиште за случајот „Маџар телеком" на СЈО

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО. Постапката се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.

 Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот генерален и поранешниот финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, познат како „Маџар телеком”.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО. Постапката се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.

Судењето за „Маџар телеком" почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид" и на тој начин ги оштетиле „Македонски телеком" и Буџетот на Македонија.

Конференција за донирање вишоци храна

 Најголемите 50 компании  денеска ќе присуствуваат на конференција за донирање вишок храна, што е во организација на „Сите сити", и ќе можат да ги слушнат предлозите и општествените придобивки од донирањето храна за целокупното општество.

На конференцијата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и на претставници на бизнис-секторот.

Настанот ќе го отвори Блаже Јосифовски, претседател на „Сите сити", кој ќе даде видување за состојбата во државата и за тоа како може големите компании да помогнат во намалување на проблемот со гладот и преголемото фрлање храна.

Конференцијата ќе се одржи во хотелот „Мериот" кој, како што информираат организаторите, како општествено одговорна компанија секогаш ги поддржува настаните од хуманитарен карактер и овој пат со овозможување бесплатна конференциска сала, техничка опрема и кафе-пауза.

притисни ентер