Синот на Бекам плаче во кавга со девојката (ФОТО)

Синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и на модната дизајнерка и поранешна Спајс девојка, Викторија , Бруклин Бекам е снимен како плаче.

Бруклин Бекам и неговата девојка Хана Крос се снимени како се караат во автомобил. Папараците ги фатија како се караат, мислејќи дека никој не ги гледа.

По снимките на кои се гледа кавгата и Бруклин како плаче , медиумите веќе шпекулираат дека тоа значело крај на врската.

Потоа и двајцата излегуваат расплакани од автомобилот , паркиран пред ресторан во Лос Анџелес. Овие фотографии се појавија еден ден по фотографиите на кои се гледа како се караат на улица во Беверли Хилс.

Минатиот викенд беа на фестивалот Коачела , каде се смееја и изгледаше како се да е во ред со врската. 21- годишната манекенка наводно му замерила на Бруклин дека премниогу пие и тоагаш е непрепознатлив.

Во декември минатата година врската и официјално ја потврди Викторија Бекам , која наводно ја прифати Хана и била многу блиска со неа.

Костадиновска-Стојчевска во Пустец: Преку соработка во културата ја зајакнуваме врската

Преку соработка во културата ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, го посети Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, каде што оствари средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски.

Како што соопшти Министерството за култура, посетата е по повод продолжувањето на прекуграничната соработка со Албанија во рамките на програмата ИПА со проектот „Смарт4Ју2“, чија цел е да ги афирмира културните вредности што ги поседува регионот и да ги развие туристичките потенцијали на општините Битола, Пустец и Корча.

-Преку соработка во културата, ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа. Успешната реализација на заедничките проекти носи придобивки за граѓаните од двете страни на границата. Културата и културното наследство даваат идентитетско значење на луѓето од овој регион, а од економски аспект, претставуваат значаен туристички потенцијал, рече на средбата министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

На средбата со градоначалникот на Општина Пустец, Колефски, се наведува во соопштението, беше потврдена заемната заложба за зачувување на нашето културно наследство бидејќи, како што кажа Костадиновска-Стојчевска, тоа значи зачувување и на нашиот културен и национален идентитет.

- Kолефски ги најави новите планови и активности во Глобочани, а беа разменети идеи за нови проекти за унапредување на соработката преку културната размена и промоција на туристичкиот потенцијал на овој регион, со цел подобрување на економскиот развој и животниот стандард на граѓаните што живеат во Преспа. Од страна на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска беше посочено дека Министерството за култура, преку традиционалната поддршка на манифестацијата „Македонско културно лето во Пустец и во Корча“, останува партнер во заедничките заложби за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион, соопшти Министерството за култура.

Директорката на Заводот и музеј од Битола, Мери Стојанова, информираше дека продолжуваат активностите што се планирани за наредниот период, за искористување на ЕУ-можностите за развој на културата и заштитата на културното наследство, и укажа на нови можности за соработка со општините Пустец и Корча.

-Проектот „SMART4YOU2“, кој е поддржан од Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, има буџет во вкупен износ од милион и двесте илјади евра европски неповратни средства за развивање на културните и туристичките потенцијали на прекуграничниот регион, се наведува во соопштението.

Во рамките на еднодневната посета, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска ќе оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли.

Тухел: Пласманот на табелата не е важен во дербито со Борусија

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел не смета дека дербито против Борусија Дортмунд ќе биде помалку интересно поради пласманот на двата тима во Бундеслигата.

Обично тоа е директен судир во борбата за титулата, но реалноста сега е поинаква. Шампионите заостануваат 10 бода зад лидерот Баер Леверкузен, а тимот од Вестфален е четврти.

- Пласманот е таков каков што е. Но, ние имаме шанса да го освоиме „Der Klassiker“. Станува збор за емотивен натпревар кој е историски за Бундеслигата и спротиставува два големи ривали. Значи нема разлика од претходните сезони, истакна Тухел.

На дуелот на „Алијанц Арена“ домаќините ќе бидат без капитенот Мануел Нојер, кој се уште чувствува болки од повреда. Александер Павловиќ, Рафаел Гереиро и Саша Бои исто така се аут од истата причина. Сепак, Хари Кејн се враќа и ќе игра откако пред неколку дена ги пропушти пријателските дуели во Англија поради повреда.

- Во лицето на Дортмунд очекувам противник кој ќе сака да не победи. Борусија е силна во нападот, а генерално играчите претпочитаат да ја контролираат топката. Ќе биде отворен натпревар. Инаку, нашето расположение е одлично, бидејќи во последно време сме убедливи и во нападот, мирен е Тухел.

Тој одби да ги коментира информациите дека Чаби Алонсо одлучил да остане во Баер Леверкузен и следната сезона. Шпанецот беше меѓу имињата кои се поврзуваа за наследник на Тухел во Минхен.

-Не сум сигурен дека сум вистинската личност за прашањето. Ова е одлука на Чаби, прашајте го него, изјави тој.

Еден од главните шефови на Камора се согласил да соработува со властите по четврт век во затвор

По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската комора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството, објавија италијанските медиуми, пренесе Бета.

Истражните органи се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за Камора и нејзината можна поврзаност со италијанската политичка сцена.

Седумдесетгодишниот Скијавоне бил еден од основачите и „кум“ на кланот Камора „Касалези“ во провинцијата Касерта во близина на Неапол.

Пред неколку недели, како што јави ДПА, тој воспоставил контакт со антимафијашките служби.

Двајца од неговите синови соработуваат со властите од 2018 и 2021 година, а уште двајца се во затвор.

Камора е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а нејзиното родно место се јужните италијански провинции Казерта и Неапол.

притисни ентер