Трамп на Твитер го критикуваше Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на создавање повеќе видови и почесни социјални мрежи и нивни компании , поради дискриминацијата што на Твиотер се соочува како Републиканец.

Трамп воедно ги пофали американските конгресмени што ги повикаа директорите на социјалните мрежи да сведочат во врска со различни медиумски скандали. Трамп има еден од најмногу следените профили на Твитер со околу 60 милиони следбеници , но често ја критикува оваа компанија и нејзините конкуренти , зашто вели дека покажуваат нетрпеливост кон конзервативците.

Трамп го обвини Твитер за ограничувања во видсливоста на профилите на истакнати Републиканци , но не покажа доказ за ваквите обвинувања.

,, Да ги спроведуваме правилата на Твитер без страст и исто за сите корисници , без оглед на нивните политички ставови или партиска припадност. Постојано работиме на тоа да го подобриме својот систем и ќе продолжиме да бидеме транспарентни во своите напори.” , напиша Трамп.

Белата куќа немаше коментар на ваквите обвинувања на сметка на Твитер и другите социјални мрежи.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

Јакимовски: Османи ни пропагира политика на жирафа

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски за неговиот против кандидат Бујар Османи вели дека тој во кампањата пропагира политика на жирафа.

-Не можам да го слушнам Бујар Османи во кампањата да каже нешто за животот во Македонија и за подобрување на животот на граѓаните во Македонија, туку ни пропагира политика на жирафа: Жирафата млекото да дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, истакна Јакимовски.

„Тајмс оф Израел“:САД се согласија на израелска операција во Рафа ако Израел не го нападне Иран

 САД го прифатија израелскиот план за копнена операција во јужниот дел на Газа во градот Рафа во замена да не извршат голем напад врз Иран, објави „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel), повикувајќи се на неименуван египетски функционер.

- Американската администрација покажа дека го прифаќа планот што претходно го претстави окупаторската влада за воената операција во Рафа, во замена за неизвршување голем напад врз Иран, изјави неименуван египетски функционер за катарскиот медиум Ал Араби ал-Џадид.

Тој додаде дека Египет се подготвува за можните последици од инвазијата на Рафа, каде, според израелските медиуми, се лоцирани четири баталјони на палестинската милитантна група Хамас и над еден милион цивили кои побегнале од другите делови на Појасот Газа, а се претпоставува дека таму се и лидерите на Хамас и израелските заложници.

притисни ентер