СДСМ: Политички земјотреси во земјава правеше Груевски, тоа е речникот и матрицата на Сиљановска

Политички земјотреси во земјава правеше Груевски, тоа е речникот и матрицата на Сиљановска, граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Криминал, корупција, неправда, непочитување на основните човекови права и слободи, монтирани судски пресуди, затворање медиуми, прислушувања, насилства врз студенти, пратеници, обиди за убиства, изолација, аболиција за криминал…. тоа беа земјотресите на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов кои 11 години на штета на граѓаните и државата.

Тоа е речникот, тоа е матрицата и на Горданa Сиљановска. Таа е кандидатката на Мицкоски и Груевски.

Гласот за Сиљановска е глас за враќање на режимот на Никола Груевски и неговите земјотреси, криминалот, корупцијата, неправдата, злоупотребите.

Граѓаните не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.

Бидејќи тоа, според логиката на Сиљановска, е целосен колапс на легитимитетот на Мицкоски очекуваме тоа и јавно да му го соопшти.

Останува фактот дека Пендаровски победи во првиот круг а Сиљановска загуби. Предноста на Пендаровски потврдува дека во вториот круг е сигурен победник.

Граѓаните не сакаат враќање назад, деструкција, политички земјотреси кои ги застапува Сиљановска. Граѓаните сакаат напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и уште посилно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски. Заедно Напред.

СДСМ: Мицкоски да одговори кога ќе понесе одговорност за поразот на изборите и за неуспехот да ја спречи интеграцијата на државата

Нашата земја влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, на огромна жал и неуспех на антизападниот Христијан Мицкоски ,се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања:

Кога ќе понесе одговорност за личниот неуспех и за неуспехот на неговата агенда поддржана од Будимпешта, да го спречи зачленувањето на земјата во НАТО?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал се уште не поднеле оставки?

Конечно, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село?

Огромна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се уште се длабоко загазени во нивното криминално и режимско однесување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги загубија и претседателските и локалните избори и затоа не успеаја да го спречат напредокот и реформите што носат добро за сите граѓани.

Канал 5 во Софија: Бугарија гласа за 17 пратеници во Европскиот Парламент

Канал 5 одблизу го следи гласањето во најблиската европска метропола, Софија.

Таму е Александар Видиновски  со информациите за одзивот, дали Бугарите се заинтересирани за изборите.

Директорот на Сениќ: Струјата во домот е пуштена вчера

Директорот на Домот „Томе Стефановски Сениќ" Лулзим Џемаили, денеска преку соопштение ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во објектот се уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија.

-Сакам само транспарентно да се информира јавноста дека на Домот „Томе Стефановски Сениќ" на 22.05.2019 во 14 часот му беше прекинато снабдувањето со електрична енергија заради неплатен долг. Приклучени бевме вчера на ден 25.05.2019  во 19 часот. Демантирам информации дека во Домот уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија, стои во реакцијата од Џамаили.

За сите дополнителни прашања тој најавува средба со медиумите утре во просториите на Домот во 11 часот.

притисни ентер