Шилегов: Не треба да ја казниме нашата држава и да ја вратиме децении наназад

Благодарност до граѓаните за опомената што ни ја пратија. 

По изборите ќе се утврдува индивидуално одговорноста на секој поединечно во рамки на институциите што ги предводи. За нас во овој момент фокусот е на претседателските избори и ги повикувам граѓаните што помасовно да излезат, ако не биле задоволни од владеењето на СДСМ, не треба да ја казниме нашата држава и да ја вратиме децении и децении наназад.

Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје, денеска, одговарајќи на прашање поврзано со изборите во неделата и дали ја сфатиле пораката на народот.

Додаде дека институциите што ги предводи СДСМ, секој поединечно, треба да е свесен дека е носител на одговорност кон граѓаните бидејќи граѓаните го избрале.

– Како избран функционер од страна на граѓаните нормално дека чувствувам одговорност кон нив, нашата работа е да ги отвориме процесите што долги години биле комплетно во градот запоставувани и да ги решаваме тие проблеми, рече Шилегов.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев истакна дека во Општина Карпош, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски извојувал победа.

– Се согласувам дека има намалување на гласовите, но најверојатно тоа е порака дека некои работи што сме ги ветиле и сме почнале да ги реализираме, можеби треба со одредена побрза динамика да се реализираат и тоа е разликата меѓу нас и претходната власт, што ваквите работи и ваквите пораки од граѓаните најдиректно и најсериозно се сфаќаат од наша страна и веднаш ќе почне да се постапува подинамично, рече Богоев.

Додаде дека доколку некој смета дека тој нешто не направил или оти нешто требало да биде поприоритетно од нешто друго, слободно може да се критикува и оти претседателскиот кандидат Пендаровски нема логика да биде казнет поради тоа.

– Нема логика да биде казнет поради нешто друго претседателскиот кандидат кој гарантитра дека ќе се оди напред, каде што веќе после долги години се тргна. Ако сметаме дека е подобро да се враќаме назад, тогаш би било логично да се казни некој што не е крив за одредени работи. Јас сметам дека нема зошто Пендаровски да биде казнет, пораката извршната власт на локално, градско и централно ниво ја сфати, рече Богоев. /МИА.

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра со Рафаел Надал пред да се повлече од тенисот.

-Имам голема почит кон легенда како Рафа и се надевам дека ќе играм со него барем еднаш пред да му заврши кариерата. Тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот главен ривал. Во Австралија реков дека се надевам дека ќе го видам барем на уште еден или два турнири. Сè уште верувам во тоа, сподели Новак за еден од неговите најголеми ривали во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец веќе неколку пати сигнализираше дека наскоро може да стави крај на својата натпреварувачка тениска кариера. /МИА

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

притисни ентер