Фудбалерот на кинескиот Гвунагжу дефинитивно е одлучен во намерата да се разведе од сопругата популарната пејачка Јелена Карлеуша. Бракот на Душко и Јелена полека се распаѓа по порно аферата на Карлеуша со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.
Тошиќ веќе контактирал со својот адвокат и го информирал дека планира започнување на бракоразводна парница.
-Душко е одлучен во намерата да стави точка на бракот со јелена. Нивниот брак сериозно е во криза по скандалот на Јелена со Врањеш. Тошиќ сака да стави точка на бракот кој трае 11 години, само го чека вистинскиот миг, им раскажал на медиумите пријател на познатиот фудбалер.
-По аферата , Душко и Јелена само во јавноста глумеа среќен пар, и тоа поради инсистирањето на Карлеуша, дома преживувале вистинска драма, дополнил истиот извор.
Душко одамна донел одлука за развод но се стопирал поради смртта на мајката на Јелена.
-Уште на 1 март ги поднел документите за развод. Меѓутоа , два дена подоцна починала мајката на Јелена Дивна, и тој одлучил се да биде стопирано. На пријателите им кажал дека ќе почека да минат 40 дена за да продолжи таму каде што застанал. Иако и бил многу лут, Душко сепак цело време бил крај Јелена кога таа останала без својата мајка и ја испрочитувал во секоја смисла. Сега, кога таа им се вратила на секојдневните активности, Душко е решен да тргна по својот пат, објаснил соговорникот.
Дека бракот меѓу Јелена и Душко е пред самиот крај потврди и фактот што тие двајца веќе не се следат на социјалните мрежи.