Во Софија Гранд При македонски краткометражен игран филм!

Краткометражниот дипломски игран филм "Обид за среќна приказна" на режисерката Лавинија Софрониевска ја освои највисоката награда Гранд При  на Интернационалниот Студентски Филмски Фестивал „New Wave“ во Софија.

Жирито едногласно го прогласил филмот за добитник на главната награда и упатило пофални зборови за севкупната режија, продукција, кастинг, камера, монтажа и сценарио. 

Филмот е шармантна, необична и нелинеарна приказна за животот на две сестри, а во главните улоги се појавуваат Тамара Ристоска, Матеа Јанковска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Кристина Леловац. 


Царовска: Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Сите лица кои се во социјален ризик од среда можат да поднесат барања за да ги добијат новите зголемени надоместоците, најави министерката Мила Царовска..

Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа.. Сите кои се во групата граѓани од социјален ризик треба да се обратат до центрите за социјална работа каде ќе треба да поднесат барање за остварување на новите парични надоместоци. Со апел да појдат до центрите за социјална работа се обрати министерката за труд и социјала Царовска. Таа посочи дека со новата социјална реформа од сиромаштија ќе се извлечат 30 илјади семејства и уште околу 6 илјади пензионери кои сега ќе добијат право на државна пензија независно колку и дали воопшто имаат стаж и независно од имотот и приходите на децата. Државната пензија ќе изнесува 6 илјади денари а услов ќе биде барателот да живеел најмалку 15 години во земјава.  Предвидено е покрај социјалната помош да се работи и на вработувањето на социјалните случаи за да се зголеми семејниот буџет.

Со оваа реформа, голем фокус се става на детската сиромаштија, затоа што таа е најскапа за сите држави. Според министерката Царовска  ако се инвестира навреме со тоа се извлекуваат и идните генерации од сиромаштија и полесно ќе бидат воведени на пазарот на труд. Исто така предвидено е и воведување на траен надоместо од 8 илјади денари за сите родители кои чувале дете со попреченост а сега се на возраст 62 за жени односно 64 години за мажи додека за оние родители кои имаат дете со попреченост а се вработени надоместот за скратено работно време ќе изнесува до 50 проценти од просечната плата што трикратно повеќе од досегашните примања. Корисниците на социјална помош кои имаат деца во основно или средно ќе се повикуваат во социјалните центри да поднесат барање за да се направи семеен пакет во кој ќе бидат и образовниот и детскиот додаток. Надоместокот за трето дете од 8 илјади денари за период од 10 години останува но сега ќе може да го земаат само најсиромашните односно ако приходите во семејството се под 12 илјади денари.

За новата социјална реформа годишно во буџетот веќе се предвидени дополнителни две милијарди денари.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи ништо за да ја подобри состојбата во студентските домови

„Томе Стефановски – Сениќ“ веќе неколку дена „блеска” во мрак. Во студентскиот дом во 21 век со денови нема струја, рече Филип Ѓорѓиев од ВМРО – ДПМНЕ.

Студентите се оставени на милост и немилост, да се снаоѓаат сами како умеат.

Во тек на јунска испитна сесија студентите се соочуваат со потешкотии поради немање електрична енергија.

Додека студентите се соочуваат со проблеми, директорот на ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“ го нема никаде, а зошто и би се појавувал кога ќе излезе Зоран Заев и ќе каже дека „блеска” студентскиот стандард.

Откако СДСМ дојде на власт младите се соочуваат со разни проблеми на кои нема решенија, но и ветените проекти кои требаа до сега да се реализираат ги нема.

Студентите откако СДСМ дојде на власт се соочуваат со секојдневни проблеми во студентските домови. Се соочуваат со влага во собите, лифтови кои не работат, храна која е катастрофална, распаднати плафони, мизерни услови во бањите каде што и најчесто нема ни топла вода. Секојдневно по зградите и во собите на студентите се појавуваат глувци, а во дворовите змии.

Заев и СДСМ пред да дојдат на власт ветуваа многу за студентите, ветуваа студентски град, а не добија ништо. Освен што секојдневно се соочуваат со мизерни услови како да преживеат од ден на ден за да ги положат испитите.

Ова мора да престане, одговорност мора да има. Одговорност треба да дадат директорите, министерството за образование и Зоран Заев.

Излезот од хаосот што владее по студентските домови и низ цела Македонија може да биде самиот Заев. Тој е причината на проблемот и мора да си замине. Колку побргу, толку подобро.

Русија реши да завладее со Арктикот – тргна новиот нуклеарен брод (ВИДЕО)

Во бродоградилиштето во Санкт Петерсбург вчера на голема церемонија беше поринет новиот нуклеарен мразокршач ,,Урал”.

Мразокршачот е дел од амбициозен план со цел да се користат комерцијалните потенцијали на Арктикот. Бродот ,,Урал” , е првиот од трите нуклеарни мразокршачи , најмоќни на светот.

Со овој мразокршач ќе и се овозможи на северната руска флота да биде подвижна преку целата година , со оглед на климатските промени и на топењето на ледниците на Арктикот.

Бродот ќе и биде доставен на владината корпорација ,,Росатом” во 2022 , кога ќе бидат направени и другите два мразокршачи. Целта на овој проект е Русија да го зголеми своето стратегиско влијание во овој дел од светот , каде се натпреварува во САД , Канада , Норвешка , а во последно време и со Кина.

притисни ентер