Најбогатиот Данец во бомбашките напади во Шри Ланка загубил три деца

Најбогатиот Данец според магазинот Форбс, милијардерот Андерс Холч Повлсен по бомбашките напади во Шри ланка остана без три од своите четири деца.

46- годишниот Повлсен кој е сопственик на меѓународниот синџир на продавници за облека „Бестселер“ објави дека три од неговите четири деца се убиени во терористичките напади на Шри Ланка. Семејството на данскиот милијардер било на одмор на Шри Ланка за католичкиот Велигден, пренесе „Дејли маил“.

Андрес Повлсен е најголемиот акционер на британската онлајн продавница „АСОС“ и вториот најголем акционер на германската онлајн продавница „Заландо“.

Данскиот милијардер воедно е и сопственик на 89 илјади хектари земја во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во земјата.

Според листата на магазинот „Форбс“ од 2018 година , Повлсен со богатство од 7,9 милијарди американски долари е најбогатиот Данец во светот.

Сведок по име Киеран Арасаратман за ББЦ изјавил дека „Видел Данкиња која ги загубила трите деца“ во бомбашкиот напад на хотелот Шангрил во Шри Ланка.

-Ми рече, „Молете се за мене, молете се за мене“, изјавил сведокот.

Една од ќерките на данскиот милијардер, Алма Повлсен, пред неколку дена на Инстаграм објавила фотографија од своите три сестри Астрид, Агнес и Алфред на Шри Ланка.

За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела Македонија

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на цчерашниот ден биле казнети 140 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата.

Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 година кога го предводеше Баерн. Во двата случаи, Реал на крајот го освои трофејот.

Сезонава Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со Баерн Минхен.

Во другото полуфинале ќе играат Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд.

Следната фаза од случајот за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД ќе започне во мај

Следната фаза од судењето на Џулијан Асанж ќе започне во мај, откако американската влада му ги даде гаранциите на Високиот суд во Лондон што ги побара во врска со случајот на основачот на Викиликс во случај тој да биде екстрадиран.

Основачот на Викиликс се гони во САД за наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана по објавувањето на илјадници протечени документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

За време на дводневното рочиште во февруари, адвокатите на Асанж (52) побараа од судијата дозвола да го оспори отфрлањето на поголемиот дел од случајот за да ја спречат неговата екстрадиција. Минатиот месец, двајца судии ги отфрлија повеќето правни аргументи на Асанж, но рекоа дека доколку САД не обезбедат гаранции, тој ќе може да поднесе жалба по три основи.

Тие гаранции се дека Асанж ќе биде заштитен и ќе може да се повика на Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја штити слободата на говорот во земјата; дека САД нема да имаат „предрасуди во судењето“ поради неговата националност и дека тој нема да се соочи со смртна казна.

Вчера, двајцата судии потврдија дека САД дале гаранции до судот и посочија дека сослушувањето ќе се одржи на 20 мај и ќе трае околу два часа.

Судот ја донесе пресудата откако сопругата на Асанж, Стела Асанж, во вторникот рече дека САД отворено дале збунувачки термини. - САД не дадоа гаранција за Првиот амандман и дадоа стандардно уверување за смртната казна, рече таа. „Соединетите Држави не се обврзаа да го повлечат претходното тврдење на обвинителството дека на Џулијан му недостигаше првиот амандман бидејќи тој не бил американски државјанин. Наместо тоа, САД се ограничија на отворено заобиколувачки јазик, тврдејќи дека Џулијан може „да се обиде да го покрене прашањето“ од Првиот амандман доколку се екстрадира.

„Дипломатската нота не прави ништо за да ја намали екстремната вознемиреност на нашето семејство за неговата иднина - мрачните изгледи тој да го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради објавување наградувано новинарство“, додаде неговата сопруга.

Американското Министерство за правда одби да коментира.

притисни ентер