Градоначалник во Ново Село ќе се бира во втор круг

Неважечките 103 ливчиња се причина да нема избор на градоначалник на Општина Ново Село на вчерашните предвремени избори.

 Имено, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Николчо Стоилков добил 2.753 гласови, а за кандидатот на СДСМ, Никола Андонов гласале 2.693 избирачи.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Венера Шопова, кандидатот Стоилков не ги добил потребните 50 проценти плус еден гласови за победа во првиот круг поради неважечките ливчиња и затоа на 5 мај ќе се одржи втор изборен круг.

Од 11.302 запишани избирачи во Ново Село вчера на гласање излегле 5.549 граѓани со право на глас, од кои 103 гласачки ливчиња се неважечки.

Во Општина Ново Село предвремени избори за градоначалник се одржаа заради тоа што поранешениот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна поради обид за шверц на цигари.

Заврши денешниот протест ,,1од 5 милиона “ во Белград (ВИДЕО)

Вечерва заврши протестот ,,1од 5 милиона “ со повик за голем митинг во Белград и во Крушевац следната сабота.

За 8. јуни е закажан голем протест во Белград , како и на други места во Србија. Протестот почна во центарот на Белград, на Терезије нешто по 18 часот со интонирање на српската химна.

На 25. собирање во центарот на Белград говореа актерот Бранислав Лечиќ, професорот на Факултетот за политички науки , Чедомир Чупиќ и стоматологот Арис Мовсесијан.

Потоа почна маршот по рутата од Терезије , преку зградата на РТС до зградата на Претседателството на Србија. На чело на колоната имаше транспарент ,,Стоп на крвавите кошули” , но претставниците на опозицијата не беа во првите редови.

Опозициската Неа Демократиа води во анкетите пред гласањето за ЕП во Грција

Според резултатите на последните анкети објавени во Грција , води конзервативната опозициска Неа Демократиа.

Според анкетата направена за потребите на телевизијата Антена, на изборите утре Неа Демократиа би добила 29,4 проценти од гласовите за Европскиот парламент , додека владејачката СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас би имала 22,4 проценти од гласовите. На трето место би било левичарското Движење за промени (КИНАЛ) со 6,6 проценти , а зад нив се Златна зора со 5,4 и Комунистите со 4,8 проценти.

Бројот на неопределени е 12,2 проценти. Слични резултати објави и агенцијата МРБ за телевизијата Стар.

Анкета : Дали би војувале за својата земја?

Многу помалку од половина од Македонците би се бореле за својата земја , покажува анкетата на Галуп спроведена во 64 земји низ целиот свет.

Глобалниот просек изнесува дека 61% би се бореле за својата земја , а 27% дека не сакаат да се борат. Очекувано , многу е поголем процентот на мажи кои се подготвени да војуваат за својата земја , но сепак не е мал ниту процентот на жените , 52%.

Највисок е процентот во земјите на Блискиот исток и Африка – дури 83% , додека најмалку за западна Европа каде просекот изнесува 25%.

Во голeмата анкета биле прашани 62 398 лица , по 1000 за секоја земја , а анкетата била спроведена од септември до декември 2014. ,,На стотина години од Првата светска војна , утврдивме дека 61% од граѓаните на светот сака да војува. “ ги коментираше резултатите Жан – Марк Лежер , претседателот на Меѓународното здружение на Галуп.

Меѓу сите испитаници најмао располежение за одбрана на земјата со војна има во Јапонија – само 11% , а на дното на табелата се и Германија , Италија и Австрија.

Најподготвени за борба се Мароканците и жителите на островот Фиџи со 94%. Меѓу европските земји отскокнува процентот на Финска -74% од луѓето сакаат да војуваат а по неа Турција со 73%.

 Во регионот , Македонија е на дното со 38% подготвени да се борат за својата земја , а најголем е процентот во Косово 58% , додека во Србија изнесува 46%.

Постојат разлики и во религиите. Муслиманите се најподготвени за војна или 78% , потоа Хиндуистите со 77% , а меѓу Христијаните најборбени се православните со 53% . Од Евреите само 51% се подготвени за војна.

притисни ентер