Роналдо во Дубровник сместен во вила каде ноќевањето чини 7000 евра

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо на Јувентус му ја донесе осмата последователна титула шампион на Италија.

Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.

Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез  во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини „само“ околу 7000 евра.

Во истата вила престојувале и Елизабет тејлор, Ричард бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс ...

Со прекрасниот поглед од  нивниот апартман во преубавата вила  на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.

Фото: Барбара маѓепсува со својата фигура

Таа ги крши машките срца а нејзината кариера оди само нагоре.

Преубавата манекенка барбара Палвин повторно ги покажа своите раскошни атрибути на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи. Оваа убавица не може да ве остави рамнодушни.

Фото: Кајли Џенер гола крај базенче

Најмладата милијардерка на светот според магазинот „Форбс“ Кајли Џенер откако беше прогласена за втората најдобро платена ѕвезда во 2018 година одлучи да се почести со одмор од сништата.

Кајли со ќерката Сторми и најдобрата пријателка Анастасија Караниколау летува во тропски рај.

Иако не открива каде точно летува Кајли своите фанови на социјалните мрежи редовно ги воодушевува со снимки од кристалното сино море, коктели, провокативни фотки...

Една фотографија објавена на Инстаграм предизвика лавина од реакции меѓу нејзините фанови. Веднаш по пристегнувањето во хотелот Кајли објавила фотка на која е целосно гола.

На провокативната фотографија Кајли носи само огромен шешир ској и го крие лицето, најинтимните места сама ги покрила со рацете. За само еден ден фотката добила повеќе од 10 милиони лајкови.

Прилеп подготвен за Пивофест

По низата контроверзии,откажување од официјални настапи на Тамара Тодевска и Нови Фосили како и подметната бомба кашикара пред една недела Прилеп подготвено го дочекува почетокот на годинашниов фестивал на пивото и скарата Пивофест.

Организаторите и локалните власти уверуваат дека се превземени сите безбедносни мерки од утре до недела фестивалот да мине во најдобар ред.

Очекувањата  се на манифестацијата да бидат поставени петнаесетина штандови за ладно пиво , вкусна скара и добра забава,бидејќи во следниве денови се очекуваат  рекорден број на посетители јавните претпријатија ќе имаат дополнителни ангажмани.

Надлежните тврдат дека за гостите од соседните градови и од странство обезбедени се над 2000 паркинг места.

За влез и паркирање ќе се плаќа по 60 денари,50 за паркинг простор и 10 за хуманитарни цели.

притисни ентер