Почна теренската вакцинација и ревакцинација во училиштата во Скопје

Почна теренската вакцинација и ревакцинација во училиштата во Скопје. Вкупно 400 деца на територијата на Скопје не се вакцинирани .

Од Здравствениот дом Скопје очекуваат тие да бидат опфатени  во текот на оваа недела . Од утрово вакцинацијата започна во основното учлиште Јан Амос Коменски во општина Карпош.

Од здравствениот дом информираат дека сите родители се навреме информирани за вакцинацијата . Инаку минатата недела беше прогласена епидемија на морбили на целата територија на држава, се очекува вакцинацијата да се одвива во сите градови

Очаен обид за спас на белите носорози- Извадени јајце клетки од последните две женки (ВИДЕО)

Екипа ветеринари од Кенија извадиле десет јајце клетки од последните две женки на северниот бел носорог , надевајќи се дека ќе успеат да ги оплодат и да му го продолжат животот на овој вид животни пред изумирање.

Научниците се надеваат дека јајце клетките ќе може да ги оплодат со замрзната сперма од последниот угинат мажјак , кој беше убиен во март 2018 година. Поради ловокрадците и загубата на природни живеалишта, овој вид е доведен пред целосно изумирање. Во проектот за спас на белите носорози од целосно изумирање се вклули и институтот од германскиот град Лајбниц, како и чешката зоолошка градина.

„Среќни сме затоа што со ова партнерство сме еден чекор поблизу до спречување на истребување на овој загрозен вид“, рече Wон Вауер, директор на кенискиот институт KWS. „Ова е особено трогателен момент со оглед дека последниот мажјак од северниот бел носорог, Судан, беше убиен во Кенија минатата година“.

Двете преостанати северни бели носорози, мајка и ќерка Наин и Фату, живеат под 24-часовна заштита во Кенија.

И двете, за жал поради генетиката, се неплодни. Ембрионите ќе бидат вметнати во сурогатот на женски јужен бел носорог, но сè уште не е познато дали операцијата ќе биде успешна.

Прв смртен случај во САД од мистериозната болест што се шири преку е-цигарите

Едно лице во САД почина како последица на тешко заболување на дишните органи предизвикано од пушење е-цигара.

Здравствените служби на САД ја истражуваат мистериозната болест што ги напаѓа белите дробови и е поврзана со консумирање на е-цигари.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), јавува дека се појавиле 193 случаи на заболени во 22 држави на САД.

Во некои од случаите било забележано и користење на ТХЦ , активна супстанца во марихуаната. Случаите биле пријавени во текот на два месеца, а лицето кое починало било хоспитализирано поради мистеризона болест поврзана со е-цигарите.

Директорот на CDC, Роберт Редфилд наведува дека оваа трагична смрт дополнително ги потврдува безбедносните ризици поврзани со конзумација на е-цигарите.

Најатрактивната српска пејачка се разболе од голите нозе и скудната облека (ФОТО)

Најатрактивната српска пејачка , Катарина Грујиќ ги смени своите животни навики од корен , откако 15 дена мораше во болница да се лекува порадиразгоелмните нозе и оскудната облека.

"Голите нозе и оскудната гардероба на минус 20 ми го зедоа здравјето. После сè што ми се случи, решив дека повеќе нема да правам такви работи. Не можам да кажам дека ќе носам долна облека во иднина, или чорапи кога сум во сандали, но ќе одам на бина директно од  автомобилот и по настапот ќе одам дома да спијам.Нема веќе да одам боса, да излегувам, да останам до наутро ... сигурно тоа веќе нема да си го дозволам “, изјави пејачката за Ало, со надеж дека и другите пејачки ќе ја следат.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Nightout in #mykonos 🎀🇬🇷

A post shared by Katarina Grujić (@katarinagrujic.doll) on

"Добивав терапија четири пати на ден и тоа многу силни антибиотици. Овие терапии се многу тешки, па јадев и спиев лошо. Иако го имате целото време на овој свет да размислите, вие размислувате само за вашето здравје и се молите да се подобри “, заклучи таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#aboutlastnight 💎 @ria.couture

A post shared by Katarina Grujić (@katarinagrujic.doll) on

Катарина заврши во болница кон средината на август по нападот на страшна болка. Лекарите заклучиле дека станува збор за тешко воспаление на бубрезите, па таа морала да помине 15 дена во болница.

притисни ентер