ДИК : Пендаровски со мала предност пред Сиљановска

Според обработените 100 проценти од податоците Пендаровски води со помалку од илјада гласа пред Сиљановска Давкова .

Кандидатот на СДСМ и коалицијата освоил 313 033 гласа или 42,67 проценти од вкупнуиот број гласови. Тој , според податоците на Државната изборна комисија победил во Куманово , Крива Паланка , Струмица , Берово ,Делчево и Дојран , како и во Центар и Карпош. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ освои 312 177 гласа или 42,56 проценти од гласовите. Таа освои најмногу гласови во Велес , Кавадарци , Неготино , Битола , Охрид, Ѓорче Петров , Аеродром , Штип , Пехчево , Прилеп и Гевгелија.

 Кандидатот Блерим Река освои 76 496 гласа или 10,43 проценти од гласовите. Најголема предност Река има во Желино , Липково , Теарце и Боговиње.

Според претседателот на ДИК , Оливер Деркоски изборите минале во фер и демократска атмосфера и изрази задоволство за добро извршената работа.

Протести во Франција против Г7: Да им покажеме дека борбата продолжува! (ВИДЕО)

Илјадници антиглобалистички и еколошки активисти , на кои им се придружија и ,,Жолтите елеци” и баскиските сепаратисти денеска излегоа на протести со барање конкретни мерки од светските лидери, учесници на самитот Г7 во Бијариц.

Демонстрантите се собраа во блиското гратче Хендај , на границата со Шпанија на протест против економските и еколошки политики на светските лидери.

 „Најголемите капиталистички лидери се тука и ние треба да им покажеме дека борбата продолжува“, рече Ален Мисана, четириесет и осумгодишен електричар, облечен во жолт елек, симбол на антивладините протести во Франција.

„Тоа се повеќе пари за богатите и ништо за сиромашните. Гледаме дека прашуми на Амазонија се палат и се топи Арктикот“, додаде тој.

Повеќе од 13.000 полицајци, со помош на војската го обезбедуваат самитот во Бијариц.

Полицијата се плаши дека  анархистичките групи може да се обидат да се вклучат на протестите, кои сè уште се мирни.

Четворица полицајци беа повредени вчера, а 17 демонстранти  беа уапсени за криење на лицата  во кампот во близина на Хендеј.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека една од главните задачи на самитот ќе биде „да ги убедиме сите наши партнери дека тензиите, особено во трговијата, се лоши за сите“.

„Треба да постигнеме намалување на тензиите за да ги стабилизираме работите и да избегнеме трговска војна која започнува да се развива насекаде“, рече Макрон во изјавата пред самитот.


Отстранети банкоматите во историскиот дел на Дубровник

Градската управа на Дубровник соопшти дека во текот на минатата недела од историскиот дел на градот се отстранети 13 банкомати.

Градските власти ги отстрануваат банкоматите , кои мнемаат дозвола од конзерваторите на старите објекти. Оние банкомати кои преостанале , ќе бидат под постојан надзор и доколку се утврдат неправилности , ќе следуваат парични казни.

Според уредбата на градскиот совет на Дубровник , банкомати не смее веќе да бидат поставени на отворите на зградите во историскиот дел на градот , а забраната се однесува и на фрижидери , телевизори и рекламни шкафчиња.

Доколку сопственикот на банкоматот или фрижидерот нема согласнот од Министерството за култура , тогаш веднаш ќе бидат отстранети со најава за високи канзи.

Така , со 10 илјади куни (1500 евра)  ќе биде казнет сопственикот на просторот , а со две илјади (300 евра) одговорното лице во правниот субјект.

Заев: Набавката на еко-автобуси е сериозен придонес на општината Прилеп за здрава животна средина

Премиерот Зоран Заев, денеска учествуваше на свеченоста по повод пуштањето на 4 еко-автобуси кои се вклучуваат во системот на јавниот патнички транспортен систем во Општина Прилеп.

Премиерот Заев на настанот, на кој учествуваа и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање Марија Цветаноска, истакна дека овој настан е дел од промоциите на проекти, мерки или решенија кои се од директна придобивка за здравјето на граѓаните и за заштита на животната средина со кои Општина Прилеп обезбедува еколошки, пријателски јавен транспортен систем за сите прилепчани.

Претседателот на Владата на РСМ Заев потенцираше дека станува збор за систем кој низ годините што претстојат ќе обезбеди еколошки чист, безбеден и ефикасен јавен сообраќај, на големо задоволство на граѓаните и на општината.

„Екологијата е важна работа во државата и овие четири, нови автобуси навистина Прилеп ќе го направат еколошки град, многу позначаен, знаејќи дека преку тоа го штитиме здравјето на граѓаните. Сакам да им честитам и на сите во Општината, коишто управуваат со општинските пари, за оваа сериозна инвестиција, многу важна, којашто покрај тоа што овозможува еколошки транспорт на граѓаните од една дестинација до друга низ Прилеп, секако ја испраќа пораката до сите нас граѓаните, до целата држава, за еколошките вредности, за важноста за здравјето на граѓаните за коешто треба да бидеме посветени сите ние“, истакна премиерот Заев. 

Премиерот Заев нагласи дека тој, и Владата на Република Северна Македонија, и понатаму ќе продолжат да се фокусираат на еколошките активности, и да работат заедно со општините на обезбедување квалитетни услуги за граѓаните.

„Сакам да ја информирам јавноста дека ми е драго како претседател на Владата што општините се вклучуваат во сите овие еколошки активности. Владата веќе ја подготвува програмата за супституција во неколку града, којашто ќе почне пред грејната сезона за замена на грејните тела на фосилни горива со високо вредносните инвертори и други системи за еколошко греење и ладење, коешто како огромен проект веќе се развива во владините институции и владините јавни претпријатија“, рече премиерот Заев.

На оваа пригодна церемонија изјави за медиумите имаа и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање Марија Цветаноска кои истакнаа дека со новите автобуси значително ќе го подобрат јавниот превоз во градот, кој освен квалитетен градски превоз ќе придонесе и за поздрава животна средина.

притисни ентер