Брачна двојка осудена на доживотен затвор, со години ги злоставувала своите деца

Брачен пар од Калифорнија, која ја признал вината за повеќегодишно злоставување на своите 13 деца е осуден на доживотна казна затвор.

Дејвид и Луиз Терпин се осудени во текот на потресното и шокатно судење на кое некои од нивните деца по прв пат јавно зборување за злоставувањата, пренесе АП.

Една од нивните ќерки со низ солзи изјавила дека „родителите и го одзеле целиот живот , но и дека таа сега ќе си го врата самата и ќе си го земе во свои раце“.

Родителите монструми се уапсени и осудени откако нивната 17 – годишна ќерка успеала да скокне од прозорот на нивната куќа и да ја повика полицијата.

Таа пријавила дека некои од нејзините сестри и браќа биле врзани со синџири за креветите и прегладнувани.

Макрон вети дека ќе плива по Сена за да докаже дека не е загадена за време на Олимпијадата

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго денеска изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.

Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува Ројтерс.

„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјавила Идалго.

Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање во неа за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.

За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.

Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.

Исто така, е најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.

Ники Минаж ја гаѓаа со шише од публиката, таа им врати (ВИДЕО)

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Често се случува разни предмети да завршат на сцената, а овој пат Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој ѝ фрлил пластично шише.

И тогаш таа реагирала.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се тргнала настрана од шишето, а потоа го зела и со иста мерка му го вратила, по што почна да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност. Карди Б ја гаѓале со вода па го фрли микрофонот кон „фанот“.

Биби Реџа минатата година за време на настап беше удрена со мобилен телефон по лице, па од болки се струполи на бината и подоцна ги покажа модринките. Хари Стајлс бил погоден во око на концерт во Виена во 2023 година, пишува Buzz Feed. Го држеше лицето додека излегуваше од бината. Раперот Лил Наз Икс за малку ќе го погодеше секс играчка на настап во Шведска. Оливија Родриго доживеала непријатна ситуација во Њујорк, кога букет цвеќе од публиката ја погоди во лице.

Лавров се закани: Западот опасно си приближува до директен воен судир меѓу нуклеарните сили

Русија го предупреди Западот дека ризикува да започне „директен воен конфликт“ со Русија и другите нуклеарни сили.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака преку видео врска на конференција во Москва, каде предупреди дека рамнотежата на односите може опасно да биде загрозена, пишува „Експрес“.

„Западњаците опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили, што би имало катастрофални последици“, рече тој.

Реакцијата доаѓа откако американскиот Претставнички дом конечно го усвои долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што предизвика лут одговор од Русија. Во саботата, американските пратеници го одобрија пакетот, кој сега ќе оди во Сенатот во кој доминираат демократите, откако се соочија со жестоко противење од тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјавата пренесена од руските државни новински агенции, рече: „Одлуката ќе ги направи Соединетите држави побогати, дополнително ќе ја уништи Украина и ќе резултира со смрт на уште повеќе Украинци, за сето тоа е виновен режимот во Киев“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го повтори истото мислење на Телеграм: „Американската воена помош за Украина, Израел и Тајван ќе ја влоши глобалната криза“.

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, рече дека одобрувањето на новата помош за Украина е „русофобично“ и дека ќе го зголеми бројот на жртвите од војната.

На Телеграм исто така порача. „Не можам со сета искреност да посакам САД да се втурнат во уште една граѓанска војна што е можно поскоро.“

Предлог-законот се очекува да биде одобрен кон крајот на оваа недела, по што се очекува претседателот Џо Бајден да го потпише и да стане закон.

притисни ентер