Фото: Најскапиот автомобил на светот !!

Најскапиот автомобил во историјата е луксузниот спортски модел на Бугати  купе „ Voiture Noire“ продаден за неверојатни 16,7 милиони евра.

Купето Бугати „Voiture Noire“ е низок спортски автомобил со 16 цилиндричен мотор единствен во светото на автомобилите со својата удобност на луксузна лимузина.

Бугати својот нов купе го престави на саемот за автомобили во Женева, каде и експресно беше продадено за рекордна цена од 16,7 милиони евра.

Секако, идентитетот на купецот  не беше откриен.

Рајан Рејнолдс се пофали со посебен подарок од сопругата

Рајан Рејнолдс и неговата сопруга Блејк Лајвли се едни од ретките холивудски двојки , познати по складниот и мирен брак.

За да докаже колку го сака сопругата , Рејнолдс се пофали со подарокот од Блејк. Тој доби уметничка слика на која е прикажамна сега холивудската ѕвезда како разнесувач на весници , што била неговата прва работа во родниот Ванкувер. ,, Мојата прва работа беше да доставувам весници за Ванкувер Сан. Куќата што е прикажана е домот на моето детство. Моите браќа и јас поминавме години обидувајќи се да се убиеме на тој тревник. Куќата веќе не постои, но таа живее во мојата глава “, објасни Рајан во објавата на Инстаграм, додавајќи дека тоа е најдобриот подарок што го добил досега.

На крајот, актерот се пошегувал за својата сопруга, како што обично си прават еден на друг: „Ова уметничко дело е најдобриот подарок од мојата сопруга. Ако некогаш се запалиме, тоа ќе биде првото нешто што ќе го спасам. По Блејк ќе се вратам "

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Happy Birthday to 2018’s Sexiest Voter Alive @vancityreynolds #justvoted 📬🎉#absenteeballot party!

A post shared by Blake Lively (@blakelively) on

Неговите обожаватели се воодушевени од идејата на Блејк и од начинот на кој двојката меѓусебе се изненадува. „Ова е прекрасно“, „Каде можам да најдам таква жена“, „Неверојатна“, „Чувај ја засекогаш“, му напишаа во коментарите.

Британка убила жена додека и го зголемувала задникот (ВИДЕО)

Британка е обвинета за убиство на жена , на која и го зголемувала задникот со силикони , набавени на eBay.

Британката Дона Франсис ќе биде екстрадирана во САД , откако е обвинета дека во подрум на куќа во Њујорк и вбризгала вештачки силикон во задникот на 34- годишната Кели Мејхју. Британката Франсис (38) е поранешна фризерка и е обвинета за убиство од немар и за вршење недозволени медицински зафати.

Таа во 2015 набавила силикони преку интернет , на eBay , но при вбризгувањето жртвата добила срцев напад.

Британката ја оставила жената да умира во подрумот и избегала од САД во Британија. Докторите утврдиле дека Американката починала од срцева емболија , односно кога силиконот истекол од капсулата и влегол во крвните садови .

Сам , болен и заборавен , Метју Пери го прослави 50. роденден

Метју Пери , кого публиката во целито свет го знае по улогата на Чендлер во серијата ,,Пријатели” , го слави денеска 50. роденден.

Последните години за Пери се пишува само како шета по улици , неуреден и нечист. Холивудскиот актер , кој четири пати беше номиниран за наградата Еми , никогаш не криел дека се бори со депресија и зависности. Минатата година поради прскање на цревата помина три месеци во болница. Последниот филм го снимил пред десет години , а во серијата ,,Пријатели” последен пат се појави во 2017.  

Пред десетина години лобираше на американскиот Конгрес да обезбеди 45 милиони американски долари за центри каде што нелегалните зависници ќе бидат лекувани наместо да бидат испратени во затвор. Тој го претвори својот дом во Малибу во куќа за зависници од дрога наречена „Пери Хаус“, но поради трошоците мораше да го затвори и да го продаде.

Потоа откри дека страда од акутен панкреатит, болест  алкохоличари и зависници од дрога. Кога Лук Пери почина во март, многу луѓе погрешно заклучија дека починала ѕвездата  на „Пријатели“ , што во никој случај не помага да се поправи неговата кариера.

Таблоидите заклучија дека Холивуд заборавил на Метју Пери затоа што сега тој изгледа како вистинска личност со вистински проблеми, а таквите луѓе не се интересни за индустријата за соништа.

притисни ентер