Таа во ријалити серија , чии извадоци се емитуваат ги принудува да гладуваат манекенките, кои тогаш биле тинејџерки , а на Џиџи и забранува да игра одбојка за да не добие непотребни мускули. Јоланда и самата била славна манекенка пред да се реши да му се посвети на семејството, а кон ќерките од секогаш била брутално искрена во опишувањето на модниот свет.
Џиџи Хадид чекала кога ќе и биде роденден , зашто само тогаш бил ден без диета и со сестра и Бела можеле да јадат од роденденската торта.
,,Може една вечер да ја измамите диетата, но потоа мораш да се вратиш на ниормнална исхрана. Знаеш. Париз и Милано сакаат слаби девојки.” , им вели Јоланда на своите ќерки.
Видеото со лекциите на строгата мајка кон ќерките е прегледано над три и пол милиони парти. Голем број се со критики кон мајката , која поради својата амбиција , ги измачува ќерките.
Џиџи и Бела сега се меѓу топ десетте манекенки , а нивниот 19 годишен брат Анвар исто така е во модната индустрија.