Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Протоколот за ратификација на членството на Македонија во НАТО пред француската влада

По претставувањето на предлог-законот на министерскиот совет, истиот влегува во парламентарна постапка каде ќе треба да биде изгласан од Националното собрание и Сенатот.

Француската влада на денешниот министерски совет го разгледа Предлог-законот за  одобрување на ратификацијата на Протоколот од Северноатлантската спогодба за пристапување на Македонија, претставен од министерот за Европа и надворешни работи, јавува дописникот на МИА од Париз.

–Влегувањето во сила на протоколот кон Северно-атлантскиот договор за пристапување на Северна Македонија ќе ѝ овозможи на оваа земја да стане 30-та членка на Атлантската алијанса, кога 29-те земји-членки на НАТО гќе известат дека го ратификувале протоколот", се вели во соопштението на француската влада.

–Пристапувањето на Македонија во НАТО ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на алијансата како целина, се вели понатаму.

Притоа од француската влада се нагласува дека „Франција ќе остане особено внимателна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, кои се проценка на сопствените заслуги на земјите кандидати и нивниот придонес во безбедноста на евроатлантската област."/МИА

Средба Жбогар – Нуредини: Подигање на јавната свест на граѓаните за животната средина

Амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар на денешната средба со министерот за животна средина Насер Нуредини ја нагласил потребата од подигање на јавната свест на граѓаните.

 Особено на младата популација, за прашањата за животната средина и информирал за еко-активизмот што ЕУ го иницира, а во таа насока и активностите кои се спроведуваат во рамки на кампањата под слоганот „Чисто, како дома исто".

Како што соопшти Министерството за животна средина, Нуредини ја поздравил иницијативата и истакнал дека на граѓаните на Македонија, а посебно на младите, треба да им се даде шанса да учат од другите земји, да споделуваат искуства, да применуваат најдобри практики, секако со заедничка поддршка и инвестирање во проекти за заштита на животната средина.

На средбата се разговарало и околу решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот и биле разменети искуства како другите земји ги решаваат овие проблеми и што дополнително би можела нашата земја да преземе во таа насока.

Амбасадорот Жбогар, како што се наведува во соопштението, исто така информираше дека следната година во рамки на Берлинскиот процес со кој ќе ко-претседаваат Бугарија и Македонија, во фокусот на агендата ќе биде животната средина, што би значело и обезбедување на финансиска помош за земјите од регионот за решавање на еколошките проблеми.

Министерот Нуредини изразил благодарност за поддршката која ЕУ ја обезбедува за Македонија во заштитата на животната средина со уверување дека ќе бидат вложени максимални напори за нејзино успешно искористување, со цел успешна реализација не само на тековните туку и на многу други идни проекти со цел заштита на животната средина и подобрување на животот на граѓаните./МИА

„Ел Чапо“ осуден на доживотен затвор

Мексичкиот крал на дрогата Хокаин Гузман Лоера познат како „Ел Чапо“, осуден е на доживотна казна затвор, пренесуваат светскте медиуми.

Со ова е завршена една од најбруталните и најозогласените  криминални кариери во модерната историја.„Ел Чапо“ има пратено стотици тони дрога во САД од Мексико и е лично одговорен за бруталната смрт на десетина луѓе.

притисни ентер