На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

СДСМ: Мицкоски да одговори кога ќе понесе одговорност за поразот на изборите и за неуспехот да ја спречи интеграцијата на државата

Нашата земја влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, на огромна жал и неуспех на антизападниот Христијан Мицкоски ,се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања:

Кога ќе понесе одговорност за личниот неуспех и за неуспехот на неговата агенда поддржана од Будимпешта, да го спречи зачленувањето на земјата во НАТО?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал се уште не поднеле оставки?

Конечно, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село?

Огромна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се уште се длабоко загазени во нивното криминално и режимско однесување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги загубија и претседателските и локалните избори и затоа не успеаја да го спречат напредокот и реформите што носат добро за сите граѓани.

Директорот на Сениќ: Струјата во домот е пуштена вчера

Директорот на Домот „Томе Стефановски Сениќ" Лулзим Џемаили, денеска преку соопштение ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во објектот се уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија.

-Сакам само транспарентно да се информира јавноста дека на Домот „Томе Стефановски Сениќ" на 22.05.2019 во 14 часот му беше прекинато снабдувањето со електрична енергија заради неплатен долг. Приклучени бевме вчера на ден 25.05.2019  во 19 часот. Демантирам информации дека во Домот уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија, стои во реакцијата од Џамаили.

За сите дополнителни прашања тој најавува средба со медиумите утре во просториите на Домот во 11 часот.

притисни ентер