Продолжува истрагата за организаторите на упадот во Собранието

Од судењето за “Шамарите во Центар”, ексминистерот Миле Јанакиески директно беше пренесен на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција за упадот во Собранието од 27ми април во својство на осомничен.  

Јанакиески во обвинителството се задржа помалку од половина час. Тој се бранел со молчење и побарал прво да направи увид во доказите..

Неделава на распит беа повикани екс министерот Спиро Ристовски и поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски, но и тие побараа прво да направат увид..

Обвинителката Вилма Рускоска пред два дена истакна дека очекува обвинението за организаторите на 27ми април да биде подигнато кон крајот на мај.

Јанакиески веќе два месеци се наоѓа во куќен притвор, кој му беше определен поради опасност од бегство и можност за влијание врз истрагата.

Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад во Собранието од 27ми април. Како осомничени во овој случај се јавуваат Никола Груевски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Никола Бошковски и Владимир Атанасовски.

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

ДИК: До 11 часот излезноста 12,78 отсто или 229.473 гласачи

До 11 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.473 граѓани. 

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3 418 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

Кина го осуди одобрувањето на пакетот американска воена помош за Тајван

Кина денеска го критикуваше одобрувањето на новиот пакет американска воена помош за Тајван, наведувајќи дека со тоа островот се става во „опасна ситуација“.

Американскиот Сенат синоќа одобри воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван по неколку месеци одложување и дебата за тоа колку САД треба да бидат вклучени во војни во странство.

Од тоа, осум милијарди долари беа наменети за Тајван, со цел да се спротивстави на кинеската закана од инвазија.

Кина смета дека Тајван, кој прогласи независност, е дел од нејзината територија и се закани дека таа позиција ќе ја брани со сила доколку е потребно.

Кинеската канцеларија во Тајван соопшти дека помошта „сериозно ги прекршува“ обврските на САД кон Кина и „испраќа погрешен сигнал до тајванските сепаратистички сили“. /МИА

притисни ентер