Во тек е субвенционирањето за чистење оџаци од Град Скопје

 Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек субвенционирањето за чистење на оџаците на нивните објекти и дека може да надоместат дел од трошоците направени за негово чистење.

На јавниот повик на Градот Скопје што важи од 1 јануари 2019 година и е во тек, досега се пријавиле 119 граѓани.

– Со јавниот повик Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари. На повикот можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште, е на подрачјето на Скопје. Поточно, право на учество на овој повик имаат жителите на Скопје и правните лица кои имаат деловни објекти во општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај, кои ќе го исчистат оџакот на своето живеалиште или деловен објект и ќе поднесат барање за искористување на правото за надоместок, информираат од Град Скопје.

Јавниот повик трае заклучно со 30 ноември 2019 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен", односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена во Буџетот на Град Скопје за 2019 година.

Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за чистење оџаци, заедно со потребната документација, треба да се достави во затворен коверт до Град Скопје, булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.

Целта на овој проект е да се придонесе за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух, особено со ПМ10 и ПМ2,5 честичките.

Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 година, кога беа доделени 269 субвенции, се наведува во нивното соопштение.

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40), кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стојаноска: Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

„Платформа 1198“ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

Додека министрите на ДУИ мака мачеа да постигнат гол или кош повеќе во просториите на министерствата и додека мака мачеа да договорат тендер плус, и на сето ова, секако, министрите на СДСМ не смеат да гугнат, тетовските стопанственици, пак, мака мачат да опстанат.

Поради овие аздисани политичари, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ се ветува рамен данок кој што ќе остане и во иднина, се ветува Македонија да стане една од земјите во регионот со најниски даноци. И, се ветува на стопанствениците поголема поддршка и помош.

Токму поради овие причини, стопанствениците во Македонија ќе гласаат за бројот два (2), затоа што сакаат Македонија да се врати во нивни раце и Македонија повторно да ја направиме горда.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица

СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење

Синдикат на Полиција во Македонија (СПМ) поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје (ОЈОГОКК) против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица членови на дисциплинска комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Штип, заради основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

-Пријавените во својство на службени лица – во еден наврат, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на оштетените Б.Д и Е.Д. им нанеле материјална штета, соопштија од СПМ.

Според Синдикатот, пријавените ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од ЗВР од моментот на спроведување и одржување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, па се до изрекување на решение на министерот за внатрешни работи.

-Иако биле свесни и должни да ја прекинат постапката заради настаната апсолутна застареност истите продолжиле се до донесеното незаконско решение, се вели во соопштението на СПМ.

притисни ентер