Лука Јовиќ се поблиску до Реал Мадрид!?

Српскиот фудбалски репрезентативец Лука Јовиќ кој во моментов е член  Ајнтрахт Франкфурт  многу брзо би можел да стане член на Реал Мадрид,ова го тврди познатиот шпански весник „Ас“.

Пред неколку дена германскиот Ајнтрахт го купи Јовиќ од Бенфика и сега се подготвува да го продаде младиот напаѓач. Прв во редот за купување на Јовиќ е големиот Реал Мадрид. Според дел од шпанските медиуми „кралевите од Мадрид“ се на добар пат го го реализираат овој трансфер.

По „Марка“ сега и весникот „Ас“ го стави младиот Лука Јовиќ на насловната страница со сторија дека неговиот трансфер во Реал е скоро готов, а кралевите за тоа ќе платат околу 60 милиони евра.

Инаку, реализацијата на овој трансфер започна на 28 март кога вториот човек на Реал, Хосе Анхел Санчез во Мадрид оствари средба со агентот на Лука Јовиќ, Фали Рамадани.

Во тој момент Јовиќ беше поблиску до премин во Барселона, но најверојатно оттогаш работите многу се промениле, и младиот фудбалер сега е пред портите на големиот ривал Реал Мадрид.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер