По спектаклот на Етихад Тотенхем во полуфиналето, Ливерпул лесно против Порто

Фудбалерите на Тотенхем и Ливерпул го комплетираа елитното полуфинале во најсилното европско натпреварување Лигата на шампионите.

Во голеадата на Етихад фаворитот Манчестер Сити и покрај триумфот  на домашен терен од 4-3 над Тотенгем е елиминиран од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Популарните „граѓани“  и со победа останаа без посакуваното полуфинале поради  поразот во Лондон на првиот меч од 1-0 , по што поради правилото гол во гости остнаа без пласман во завршницата.

Спектаклот беше најавен уште на стартот на мечот по само 21 минута игра  на Етихад видовме дури пет голови, четири од нив беа постигнати во првите 11 минути.

Домаќините го отворија резултатот уште во 4 минута со голот на Стерлинг, но потоа следуваа два гола на гостите Сон беше прецизен во 7 и во 10 минута за водство на Тотенхем од 1-2. Само една минута подоцна  Силва израмни за 2-2. Со својот втор гол Стерлинг во 21 минута  носи нова предност за Сити.

Во 59 минута Агуеро погодува за ерупција на Етихад, но Љоренте во 79 минута  го постигна толку посакуваниот трет гол за „спарси“ вреден место меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Тотенхем во полуфиналето ќе игра против  најголемото изненадување во шампионското друштво Ајакс.

На Драгао во Порто , Ливерпул уште еднаш го потврди својот квалитет  и лесно и убедливо го совлада португалскиот шампион со 4-1  со вкупни 6-1  го најави гигантското полуфинале Барселона – Ливерпул.  

Дејан Недев европски шампион во кати на ЕШ во Питешти

Одличен настап на македонските каратисти на ЕП во Романија. Повеќе кратниот македонски шампион во карате Дејан Недев освои златен медал во кати на ЕШ во Питешти..

 Ова е  7-ма европска титула за Дејан Недев  во неговата долга и богата кариера.

Јадранка Недева исто така освои златен медал во кати кај сениорките, а Матеј Ангеловски освои сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите.

Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова, а во фукуго го освои сребрениот медал. Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медали.

Натпреварите се сеуште во тек на кој треба да настапи Матеј Ангеловски во дисциплината кумите за сениори. На ЕШ во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји. Со почит МТКФ.

Македонските ракометари подготвени за реванш против Грција

Македонската машка ракометна сениорска репрезентација денеска со пресметката против Грција во Струмица ги завршува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Ова е дуел на кој нашата селекција со позитивен резултат ќе го потврди првото место на табелата, односно ако дојде до истиот ќе им се реваншира на Грците за шокантниот пораз од првата средба.

 Денешниот дуел се игра од 18 часот, а пред истиот селекторот Данило Брестовац направи три промени во составот во однос на претходниот натпревар одигран против Турција..

Торонто и цела Канада ја прослави историската победа во НБА (ВИДЕО)

Илјадници навивачи на Торонто Репторс излегоа на улиците за да ја прослават историската титула на новниот тим , кој ја освои шампионската титула на НБА лигата.

Кошаркарите на Торонто Рапторс ја освоија титулата , откако на гости го победија Голден Стејт со 114-110 во шестиот натпревар на финаклната серија и со тоа на Канада и ја донесоа првата кошаркарска победа во НБА во историјата.

Не само во Торонто , низ цела канада се славеше со песната ,,Ние сме шампиони!”. ,,Тако правиме ние од северот.” ; напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер со честитка за победата.

притисни ентер