Светската автомобилска елита се промовира во Шангај (ФОТО)

Сите големи светси производители на автомобили последните години се појавуваат на саемот во Шангај , кој прерасна во најголем од овој вид во регионот.

Според бројот на премиери , овој саем е на прво место во светот , каде се намалува важноста на ваквите саемски манифестации. Европските производители одат дотаму што во Шангај промовираат модели специјално дизајнирани за кинескиот и за пазарите во Азија.

Меѓу другите , на овој саем премиери ќе имаат Audi Q2 e-tron, потоа BMW од серијата 3, Mercedes A35 sedan и Peugeot 508,сите ќе бидат во прилагодено , подолго издание.

Нема да недостигата и премиери на кросовери , а премиери ќе има на BMW X7, Porsche Cayenne Coupe или Mercedes GLE. Изненадува и тоа што ќе се претстават и производителите на егзотични модели како Karma или Lotus.

Секако ќе се претстават и американските производители со новите модели на Buick, Chevrolet и други.

Фејсбук ја претстави својата криптовалута со која имаат големи планови

Компанијата Фејсбук денеска го објави планот за лансирање на криптовалутата либра , така што од секторот социјални мрежи се шири кон онлајн трговија и глобално плаќање.

Фејсбук се здружи со 28 партнери во проектот Libra Association што ќе управува со новата дигитална валута. Според информацвиите , планираат да ја лансираат на почетокот на 2020 година.

Партнери во проектот се моќни компаниуи како Mastercard, Visа, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies, Vodafone Group, како и инвестициски компании од типот на Andreessen Horowitz .

Се надеваат дека со стартот на либра ќе се соберат околу 100 компании . Секоја членка добива по еден глас во носење на клучните одлуки за мрежата за тргување со либра , а компаниите мора да вложат најмалку 10 милиони долари , за да бидат дел од групацијата.

По првата година , Фејсбук нема намера да го задржи водечкото место меѓу членките.

Компанијата основа и филијала наречена Калибра , која ќе нуди дигитални паричници за потребите на штедење , праќање пари и потошувачка на либра.

Kалибра ќе биде поврзана со платформите на фејсбук за праќање пораки како Messenger и WhatsApp, кои веќе имаат над милијарда корисници.

Тајната врска на Колин Фарел и Елизабет Тејлор

Холивудскиот шармер, актерот Колин Фарел откри како ја завел славната колешка Елизабет Тејлор.

Колин Фарел е актер со бурно минато, многупати  е поврзуван со познати убавици, но јавноста е изненадена по неговата изјава дека бил во врска со 36 години  постарата колешка легендарната Елизабет Тејлор.

Фарел признал дека тоа била „неговата последна романтична врска “.

-Беше тоа последната врска барем во мојата глава, врска која сум ја имал и која секако никогаш не  била консумирана, изјавил Колоин Фарел.

Нивниот однос започнал кога Колин во болница го очекувал раѓањето на својот помлад син. Тогаш го сретнал менаџерот на славната актерка  кој му рекол дека токму сега на Лиз и вгадуваат стент. Колин го замолил да и ги пренесе неговите поздрави и бил уверен дека легендарната дива нема да знае за кого станува збор. Но, само две недели подоцна Елизабет му испратила орхидеи. 

Брзо потоа стапиле во контакт и нивната врска главно била преку телефон. Траела скоро две години. Колин потоа се пошегувал дека ќе стане нејзиниот осми сопруг, но околностите  сепак не им оделе на  рака за такво нешто.

Фото: Уште еден град го следи примерот на Амстердам и не ги сака туристите!?

Амстердам дефинитивно не е единствениот европски град кој сака да го реши проблемот со туристите.

Неговиот пример сега го следи и белгискиот средновековен град Бриж, град кого во 2017 година го посетиле околу 16,3 милиони туристи.

Овој град на северозападот на Белгија, чие градско јадро е под заштита на УНЕСКО, е популарна еднодневна дестинација за многу туристички тури од Европа.

Поради се поголемиот број на туристи кои го посетуваат градот, првиот човек на Бриж, градоначалникот Дирк Де Фаув одлучил да повлече драстични потези.

Градската власт веќе донела одлука според која се укинуваат сите промотивни активности кои вклучуваат еднодневни тури. Покрај тоа одлучиле и да се намали бројот на крузери кои пристигнуваат во нивното пристаниште.

Во овој момент во пристаништето на Бриж истовремено може да впловат пет крузера, новиот план предвидува оваа бројка да се намали на два крузера на ден.

-Мора да го сочуваме своето градско јадро. Туристите кои доаѓаат на еден ден ни  прават повеќе штета од корист. Не сакаме да станеме „Дизниленд“, изјавил градоначалникот Де Фаув.

Слична градска политика одлучиле да водат и неколку соседни градови на Бриж како Брисел и Париз, за бројот на дневни посети на туристи да го намалат на минимум.

притисни ентер