Родители од пеколот – до смрт ја измачувале својата 5 годишна ќеркичка (ВИДЕО)

Поранешниот играч на американски фудбал, Киер Вуд (28) и неговата партнерка Еми Тејлор (25) се обвинети за злоставување и убиство на нивната 5 годишна ќерка Ларја Дејвис.

Полицискиот извештај открива грозоморни детали за начинот како овие родители го измачувале девојчето. Непосреднио пред смртта фудбалерот го терал девојчето да трча спринт по станот , да прави стомачни и склекови покрај ѕид, зашто сметал дека е предебела. Неговата партнерка , мајката на девојчето ја казнувала така што и седела на градите.

Девојчето било пронајдено на 9 април без свест во домот на својата мајка. Починала во болница од комбинација на брутални повреди. Вуд и Тејлор за та време се забавувале во Лас Вегас , каде се уапсени.

Судијката била шокирана од видот на повредите што и биле нанесени на 5 годишното девојче. Таа имала скршени ребра, на повеќе места и бил нагмечен черепот , а имала и расечен црниот дроб.

Смртта на девојчето се третира како убиство, а родителите од пеколот ќе излезат пред суд на 21 мај. До тогаш ќе бидат во притвор , зашто судијката им го укина правото на излез со кауција.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер