Црвени балони на Светскиот ден на хемофилијата

На Светскиот ден на хемофилијата од здружениот со порака дека и тие се способни да работат, бидејќи навреме ја примаат терапијата.

Задоволни се со резервите на лековите и се надеваат дека и во иднина на време ќе го имаат лекот кој значи живот.

Денеска тие пораката ја испратија со пуштање на црвени балони

-Проблеми има и ќе има. Во моментот фактор за хемофилија А и Б има во доволна количина, затоа што тендерот минатата година беше маратонско доцнење, дури во декември се потпиша, додека набавката преку тој тендер  почна од јануари.  Хемофилија со инхибитори, кај хемофилијата тоа е најлошата компликација бидејќи инхибиторите потешко се менаџираат и тој фактор што го примаат е само за спречување на крвавењето или за престанување на крвавење во моментот. Нивниот тендер заврши на 4 април. Минатата година тогаш се потпиша, додека оваа година се уште не е распишан. Се надевам дека ќе биде за брзо време. Затоа што знаеме во Македонија колку доцнат тендерите. Имаме пет деца на профилакса, со еден фактор што го примаат девет години и за нив има фактор најверојатно до крајот на јуни, изјави претседателката на Здружението на хемофиличари Лилјана Рајчевска.

Тројца новозаболени од морбили во Штип

Тројца новозаболени пациенти од мали сипаници се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. 

Портпаролот на болницата, Марина Шуманска изјави дека вчера се примени двајца пациенти, а денеска до 11 часот еден пациент, со што во болницата сега се лекуваат вкупно 13 пациенти заразени од мали сипаници.

– Нивната здравствена состојба е стабилна, а на одделение се задржуваат само пациенти со потешка клиничка слика, вели Шуманска.

Изминатата недела поради ширење на зараза во штипска конфекција каде што заболеа десеттеминa, на лице место беа имунизирани 37 работници. Шуманска забележува дека новите три случаи не се поврзани со работниците од конфекцијата. Епидемилозите алрамираат дека постои ризик за ширење на заразата, бидејќи работниците имале контакт и со други работници, но и со своите семејства.

Здравствените работници апелираат децата кои не се вакцинирани да не се носат во игротеки, градинки, затворени простории. Штипскиот Центар за јавно здравје утре очекува да добие препораки за полесно спречување на заразата, а се очекува да се изврши дополнителна дезинфекција во училиштата и градинките во градот. 

Пијан дошол во полиција по сопругата приведена за возење во пијана состојба

Полицајците во американаскиот град Њу Џерси не знаеја кого попрво да го приведат за возење во алкохолизирана состојба.

Полицијата од предградието Хакетстаун ја привела 21 годишната Морган Доран , која била запрена од патролата и утврдено дека е во алкохолизирана состојба.

Таа била приведена во полициска станица , а по неа м, за да плати кауција и да ја извлече на слобода , дошол 24 годишниот партнер Себастијан Рем.

Кога влегол во станицата , полицајците веднаш почуствувале мирис на алкохол и му поднеле пријава за возење во пијанасостојба.

На крај пијаните маж и жена морале да викнат трета личност да ги извлече од полициската станица , и тоа трезна.

Ајкула уби пливач во близина на плажа на Хаваи (ВИДЕО)

На околу 50 метри од плажата на хавајскиот остров Мауи , ајкула уби човек.

Станува збор за 65 годишен американски турист од Калифорнија . Мажот бил нападнат од ајкулата во близина на популарната плажа Каанапали, а од здобиените тешки повреди набргу починал.

Хавајската канцеларија за природни ресурси идаде предупредување , што ќе остане во текот на денот , додека не се утврди дали во близина има ајкула.

притисни ентер