Фото: Светска премиера на идниот автомобил на Џејмс Бонд!!

Првиот електричен Астон Мартин до брзина од 100 километри на час ќе стигнува за време пократко од 4 секунди, ќе има импресивно меѓузабрзување, ќе му биде потребна сам о 1,5 секунди од 80 до 112 км. на час.

Следниот автомобил на најпознатиот таен агент на светот, славниот Џејмс Бонд ќе биде новиот Астон мартин Рапид Е.

На саемот за автомобили во Шангај ја видевме светската премиера на овој автомобил.

Во Шангај беше преставена верзијата која се подготвува за производство.

Покрај финалниот изглед на автомобилот сега се знаат и сите негови карактеристики.  

Електричниот Астон мартин Рапид Е ќе има два електромотора со вкупна сила од 610 КС со вртечки момент од 950 Нм, што го прави најмоќниот модел во серијата Рапид.

Максималната брзина е ограничена на 250 километри на час.

Сетот од 5600 литум јонската  батерија  му овозможува на автомобилот автономија од преки 320 километри.

Ако се знае дека ова е првиот електричен Астон Мартин, тогаш е нормално што веќе ги нема аналогните инструменти.

Во моментот може да се порача новиот електричен Астон Мартин, но производителот порачува дека од оваа серија ќе се произведат само 155 примероци.

Ламборџини не е веќе на врвот на уличните суперболиди (ВИДЕО)

Ламборџини веќе не е сопственик на рекордот на патеката во германскиот Хокенхајм , а титулата му припадна на најлутиот конкурент.

Се разбира , тоа е Ферари. Го победи суперспортскиот болид Aventador SVJ на Ламборџини , и тоа не само на патеката во Хокенхајм , туку и на онаа во Нирнберг.

Ферари во верзијата Писта побрз беше за 1,4 секунди со време од 1:45.9 и со тоа време се приближи до она на тркачките болиди. Верзијата Писта ја движи 3.9 литарски твин турбо V8 мотор со 720 Кс и 770 Нм .

За соборување на рекордот на Ламборџини е заслужен и возачот Кристијан Гебхарт.

Пајак во Австралија улови и изеде опосум (ВИДЕО)

Страшни фотографии објави Џастин латон , кои ги снимил нејзиниот сопруг , а на нив се гледа како огромен пајак лови и јаде опосум , вид мал торбар што личи на стаорец.

Во Националниот парк Маунт Филд на Тасманија сопругот на Џастин Латон снимил неверојатна борба. За научниците станува збор за навистина редок феномен.

Големите пајаци кои живеат во Австралија и на Тасманија знаат да изедат мало пиле , жаба или влекач , но не и опосум. Опосумот има тело долго од 5 до 11 сантиметри со тежина од 7 до 43 грама.

Видот опосуми што на снимката се гледа како жртва на пајакот е од поголемите , кои достигнуваат до 11 сантиметри должина и од 15 до 43 грама тежина.

Во 2016 Австралиец од државата Квинсленд сними кај него дома слично шокантно видео- пајак кој преку фрижидерот во неговиот дом носи глушец.

Фејсбук ја претстави својата криптовалута со која имаат големи планови

Компанијата Фејсбук денеска го објави планот за лансирање на криптовалутата либра , така што од секторот социјални мрежи се шири кон онлајн трговија и глобално плаќање.

Фејсбук се здружи со 28 партнери во проектот Libra Association што ќе управува со новата дигитална валута. Според информацвиите , планираат да ја лансираат на почетокот на 2020 година.

Партнери во проектот се моќни компаниуи како Mastercard, Visа, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies, Vodafone Group, како и инвестициски компании од типот на Andreessen Horowitz .

Се надеваат дека со стартот на либра ќе се соберат околу 100 компании . Секоја членка добива по еден глас во носење на клучните одлуки за мрежата за тргување со либра , а компаниите мора да вложат најмалку 10 милиони долари , за да бидат дел од групацијата.

По првата година , Фејсбук нема намера да го задржи водечкото место меѓу членките.

Компанијата основа и филијала наречена Калибра , која ќе нуди дигитални паричници за потребите на штедење , праќање пари и потошувачка на либра.

Kалибра ќе биде поврзана со платформите на фејсбук за праќање пораки како Messenger и WhatsApp, кои веќе имаат над милијарда корисници.

притисни ентер