Струја ќе се прави од снег!!

Технолошка револуција, струја ќе се прави од снег, апаратот е евтин, мал, тенок и флексибилен како пластика.

Снегот е позитивно набиен и ослободува електрони.

Истражувачи од Универзитетот Калифорнија направиле уред кој прави струја од снег. Апаратот е евтин, мал , тенок и флексибилен како пластика.

-Уредот може да работи и во најоддалечените реони поради тоа што осигурува сопствено напојување и не му е потребна батерија. Ова е многу паметна направа, метеоролошка станица која ви кажува колку врне снег,правецот на врнењето на снегот, и брзината на ветерот, изјавил истражувачот од Универзитетот Калифорнија, Ричард Кенер.

Научниците му го дадоа името „снежен трибоелектричен наногенератор“ или снежен ТЕНГ.

Трибоелектричниот наногенератор генерира напон по пат на статичен електрицитет, произведува енергија со размена на електрони.

-Статички електрицитет се појавува при интеракцијата на еден материјал кој ги фаќа електроните и друг кој ги ослободува. Разделете ги набоите и создавата струја суштински од ништо, објаснува Кенер, кој е професор по хемија и член на Калифорнискиот Институт на нано систем на Универзитетот.

Снегот е позитивно набиен и ослободува електрони, а силиконот е негативно набиен. Кога снегулките ќе дојдат во допир со силиконската површина се произведува напон кој уредот го прифаќа и создава струја.

Околу 30 проценти од Земјата секоја зима е покриен со снег, во тој период соларните панели не функционираат најдобро . Новит уред може да се интегрира во соларните панели и на тој начин да се обезбеди редовна резерва на струја дури и кога паѓа снег.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер