Од Либија кон Европа може да тргнат над 800.000 мигранти

Војната во Либија би можела да принуди повеќе од 800.000 мигранти да тргнат кон европските брегови, предупреди шефот на меѓународно признатата либиска влада, Фајез Ел Сараџ.

– Нема да бидат само 800.000 мигранти подготвени да тргнат, туку и Либијци ќе бегаат од војната, бидејќи во јужниот дел на Либија повторно се активирале борците на џихадистичката група исламска држава, истакна Сараџ во интервју за италијански медиуми.

Либија е и одредиште и транзитна земја за африканските мигранти кон европските брегови.

Вчерашните претседателски избори со најниска излезеност досега

Вчерашниот прв круг од претседателските избори помина со досега најнизок одѕив на гласачите споредено со претходните изборни циклуси за шеф на државата.

Според последните податоци што ги објави ДИК одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 41,82 отсто или на гласање излегле 755,816 граѓани.

На првите непосредни претседателски избори во 1994 година на гласање излегоа 1.053.761 граѓани, а за шеф на државата беше избран Киро Глигоров  со освоени 715.087 гласови.

Неговиот наследник Борис Трајковски во 1999 година беше избран со 582,808 гласови, а на гласање излегоа 1.112.703 граѓани.

Следниот претседател Бранко Црвенковски во 2014 година беше избран со гласовите на 550.317 граѓани од вкупно излезените 909.289 граѓани.

Ѓорѓе Иванов во 2009 градина кога за прв пат беше избран за претседател доби поддршка од 453,616 граѓани, а вкупно на гласање излегоа 764.039.

Вториот мандат во 2014 година Иванов го освои со 534.910 гласови, од вкупно излезените 967.676 граѓани.

Новиот претседател на државата ќе се избира во вториот круг што треба да се одржи на 5 мај. Граѓаните ќе избираат меѓу двајцата кандидати кои вчера освоија најмногу гласови Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. За да биде избран новиот шеф на државата, на гласање ќе треба да излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. 

Меѓународните набљудувачи ќе објават првични наоди и заклучоци за изборите

 Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од Претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци.

Првичните наоди и заклучоци ќе ги објават Серен Мобурн, специјален координатор и шеф на краткорочните набљудувачи од ОБСЕ, Мари – Кристин Дало, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Рајнхолд Лопатка, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ОБСЕ ПС) и Корин Јонкер, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР за изборите.

Меѓународната мисија за набљудување на претседателските избори се состои од  240 набљудувачи од 38 држави, од кои 189 се долгорочни и краткорочни набљудувачи од редовите на ОБСЕ/ОДИХР, 39 парламентарци и друг персонал од ОБСЕ ПС и 12 од ПССЕ.

ДИК : Пендаровски со мала предност пред Сиљановска

Според обработените 100 проценти од податоците Пендаровски води со помалку од илјада гласа пред Сиљановска Давкова .

Кандидатот на СДСМ и коалицијата освоил 313 033 гласа или 42,67 проценти од вкупнуиот број гласови. Тој , според податоците на Државната изборна комисија победил во Куманово , Крива Паланка , Струмица , Берово ,Делчево и Дојран , како и во Центар и Карпош. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ освои 312 177 гласа или 42,56 проценти од гласовите. Таа освои најмногу гласови во Велес , Кавадарци , Неготино , Битола , Охрид, Ѓорче Петров , Аеродром , Штип , Пехчево , Прилеп и Гевгелија.

 Кандидатот Блерим Река освои 76 496 гласа или 10,43 проценти од гласовите. Најголема предност Река има во Желино , Липково , Теарце и Боговиње.

Според претседателот на ДИК , Оливер Деркоски изборите минале во фер и демократска атмосфера и изрази задоволство за добро извршената работа.

притисни ентер