Донаторска акција „Нахрани 10.000" на 29 локации во 10 градови

Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да ги обезбедат сите оброци во текот на денот. 

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000", што се одржува денеска во рамки на „Неделата на солидарност" на Црвениот крст од 10 до 18 часот на 29 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија. Целта е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивното ниво на солидарност кон тие што немаат.

– Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да ги обезбедат сите оброци во текот на денот. На овие 29 локации граѓаните ќе можат да донираат храна која ќе биде со подолг рок на траење. Храната ќе биде ставена во пакети кои ќе бидат дистрибуирани до различни категории на социјално загрозени граѓани, вели Блаже Јосифовски од мрежата „Сите сити".

Тој изрази надеж дека ќе биде донирано доволна количина храна за да може да се задоволат дел од месечните потреби на граѓаните. Од „Сите сити" препорачуваат да се донира храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Оваа акција се организира во рамки на „Неделата на солидарноста" што годинава од 15 до 21 април се одбележува впод мотото „Вашиот прилог значајна помош" со целни групи семејства кои живеат во рурални подрачја и се од социјално ранливи категории.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити информира дека ќе се собира храна, облека обуквки средства за хигиена, како и парични стредства. Средства ќе се собираат преку мобилни телефонски броеви 070/075/077 143 400 со донација од по 100 денари, или преку банкарска уплата на сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Македонија. Во овој период ќе се организира и хуманитарна акција од куќа до куќа за обезбедување донација во парични прилози.

Според податоците со кои располага Црвениот крст во Македонија 22,2 отсто од населението е сиромашно. Во светски рамки во сиромаштија живеат 2 милијарди луѓе, 750 милиони во екстремна сиромаштија, а 800 илјади во хронична глад.

Драма на перон: Сакала да влезе во воз во движење, но се сопнала (ВИДЕО)

Немил настан се случил на 17 април во аргентинскиот град Морено, а чудо е што е избегната трагедија.

На социјалните мрежи е објавено видео од неименувана девојка која се обидува да се качи на воз во движење, но работите тргнаа наопаку.

На видеото го гледаме како се обидува да фати воз, очајно сакајќи да влезе внатре, но се сопнува и паѓа меѓу композицијата и перонот.

Еден од патниците и обезбедувањето веднаш дотрчале кај несреќната жена која останала да лежи покрај пругите. На почетокот не е јасно дали преживеала.

Кога сфатиле дека сè уште дише, повикале помош и била пренесена во болницата „Де Ла Вега“, јавува Лакале Блу радио.

Лекарите ѝ ги санирале повредите, па била згрижена.

ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 44,56% , Пендаровски 18,36% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, НА 10 % обработени податови , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 23.644 гласа или 44,56%.

На второ место е Стево Пендаровски со 9740 гласа, односно 18,36 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 7473 гласа или 14,08% , Максим Димитриевски 3687 гласа или 6,95% , Арбен Таравари 5010 гласа или 9,44% , Билјана Ванковска 2026 гласа или 3,82 % и Сревчо Јакимовски 366 или 0,69%.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

притисни ентер