Сугарески: Инвестираме преку милијадра евра во инфраструктурата, француските компании се добрeдојдени

Министерот Сугаревски ги најави проектите за изградба на пругата на Коридор 8, како и плановите за развој на патната мрежа во земјава.

Инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија со посебен акцент на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура биле тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и претставници од Агенцијата за развој на Франција задолжени за Балканот.

Како што информираат од Министерството за транспорт, министерот Сугаревски ги најави проектите за изградба на пругата на Коридор 8, како и плановите за развој на патната мрежа во земјава. Тој потенцираше дека во тек е инвестициски циклус преку милијарда евра и ги повика сите заинтересирани компании од Франција кои работат во делот на транспортот да учествуваат на јавните повици за реализација на капиталните инвестиции.

-Денеска остварив средба со амбасадорот и претставници од француската АФД за Балканот. Разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата, ги информирав колегите од Франција дека инвестираме преку една милијарда евра во изгардба на патишта и железници. Исто така ги повикав сите заинтересирани компании од Франција да учествуваат на јавните повици што ќе ги објавиме во наредниот период за реализација на сите планирани проекти. Се надевам дека ќе имаме добра соработка, изјави министерот за транспорт и врски Сугарески./МИА.

СДСМ:Инвестиции од 100 милиони евра во патишта само во југоисточниот регион

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализацијата на капиталните инвестиции што се во интерес на граѓаните, економијата и државата.

Само во југоисточниот регион, се реализаираат инвестиции од над 100 милиони евра за реконструирање и изградба на патишта.

Во тој дел од државата за првпат по 40 години се реконструира патот Штип – Радовиш, а се гради и патот Штип – Кочани.

Истовремено, низ целата држава се врши рехабилитација на околу 400 километри автопати, регионални и магистрални патишта. Според официјалните податоци, речиси и да  нема регион или место во државава каде не се одвиваат градежни активности, во градење и рехабилитација на патишта, во гасификација, железници, комунални проекти или проекти што ги реализираат локалните самоуправи со сопствени средства.

Покрај развој на инфраструктурата, реализацијата на овој инвеститциски циклус значително ќе го зголеми растот на капиталните инвестиции во вториот квартал и позитивно ќе влијае на економскиот раст.

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезедуваат економски раст, нови инвестциии и развој и унапредување на инфраструктурата.

Центар за комуникации на СДСМ

Променет режим на сообраќај на патниот правец Гостивар-Маврово

Поради градежни активности на автопатот А2 денеска на патниот правец Гостивар-Маврово ќе има променет режим на сообраќај, информираат од АМСМ.

– Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека на ден 18.06.2019 година ќе се започне со изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, патен правец Гостивар-Маврово, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, се наведува во соопштението од АМСМ.

Промоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан Марковски

Промоција на книгите „Болката на јаболкото" од Санде Стојчевски, „Мини прирачник за поезија" од Елена Пренџова и „Хипербог" од Стефан Марковски, ќе бидат промовирани вечерва во Салон 19:19, во Културно-информативниот центар – Скопје.

Како што најавија од КИЦ-Скопје, книгите ќе ги промовира Филип Клетников, а извадоци ќе читаат авторите.

Санде Стојчевски е реномиран македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга" – Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Елена Пренџова (1985, Скопје) е поетеса и слемерка. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На книжевната сцена е присутна една деценија, како авторка на шест поетски збирки, од кои четири се наградени со национални награди, и има една коавторска двојазична збирка, во препев на српски. Денес е една од уредниците на најстарото книжевно списание „Современост" и активна членка на ДПМ од 2012 год. Последните неколку години организира слем-натпревари во градовите низ Македонија.

Стефан Марковски е роден и израснат во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет и Институтот за филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а магистрирал Сценарио за филм и ТВ на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Марковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт и други здруженија. 

притисни ентер