Ким Кардашијан сака да биде адвокатка!?

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан сака да стане адвокатка. Но, медиумите се прашуваат како Ким би станала адвокат без завршен факултет?

Популарната старлета веќе неколку години се интересира за политика и правата на човекот. Неодамна за магазинот „Вог“ изјави дека се надева оти во следните неколку години  ќе го положи правосудниот испит и ќе започне адвокатска кариера.

Многумина  се изненадиле и збуниле од оваа нејзина изјава, поради  фактот што Ким нема завршено факултет. А вообичаен процес за оние кои сакаат во Америка да се бават со Правото е средно училиште, универзитет , па дури потоа студирање на право.

Но, Ким живее во Калифорнија една од четирите држави  во САД во кои не се бара  диплома од универзитет како предуслов за полагање на правосудниот испит. Што значи дека старлетата само мора да биде приправничка во некоја адвокатска компанија за да го исполни условот за излегување на испит. Секако не е баш „само“ Ким мора барем четири години да хо има и статусот на приправничка , со тоа што по една години ќе може да го полага „пробниот испит“ а дури по 4 години и вистинскиот правосуден испит кој би и овозможил влез во некоја адвокатска компанија.

Астон Мартин се појави со првиот V8 СУВ (ВИДЕО)

Првиот модел на спортско урбано возило на Астон Мартин пристигна на тестирање на патеката во Нирнберг.

Во Астон Мартин не сакаа да гледаат како Ламборџини и другите од таа класа собираат заработувачка од продажбата на популарните СУВ модели. Очигледно премиерата се наближува , зашто Астон Мартин веќе го изнеасе на тестирање најновиот модел на патеката во Нирнберг.

Новиот DBX најверојатно ќе има 4.0 V8 twin turbo мотор од AMG , со осмостепен менувач. Треба да се очекува сила од 510 Кс и 685 Нм , што значи и дека до 100 км/час ќе стигнува за помалку од 3,8 секунди.

Максималната брзина ќе биде 250 км/час.

Кралицата Елизабета го прослави роденденот- Меган и Хари одушевија со честитката

Британската кралица Елизабета II денеска го прослави 93. роденден.  

Кралицата владее со Британија повеќе од 67 години , а годинава роденденот и се поклопи со Велигден , па го просклави во црквата Св.Џорџ во Виндзор. Кралицата на мисата во кралската црква  за Велигден стигна во тиркизен капут и шешир.

Таа дојде со принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Таму веќе ја чекаа трудната војвотка Меган и сопругот , принцот Хари. Бебето , кое треба да се роди до крајот на овој месец , ќе биде осми внук на кралицата.

,,Среќен роденден , Ваше Височество, Мамо, Бабо.” , напишаа Хари и Меган на честитката за кралицата , која ја објавија на Инстаграм.

Роденденот на кралицата во понеделник ќе биде одбележан со плотун на воена парада во 11 часот во Хајд Парк , во близина на Бакингамската Палата.

Најлутиот ривал за роденденот на Мустанг му испрати торта (ВИДЕО)

Најлутиот ривал на Форд , Шевролет , со торта му го честита 55 . роденден на најпродаваниот американски спортски автомобил.

Форд Мустанг , иако наполни 55 години , се уште е најпродаван спортски автомобил во САД.

Од најлутиот ривал , Џенерал Моторс , пристигна роденденска честитка објавена на нивниот сајт. Од Шевролет со торта му го честитаа роденденот на Мустанг.

Овој автомобил е прв пат претставен на 17 април 1964 , а годишно од него се продаваат во просек по половина милион примероци. Минатата година беше продаден 10 – милионитиот примерок.

притисни ентер