Хан: Би било неодговорно ако ЕУ не ги исполни своите ветувања

 Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се надева на позитивна одлука за земјава на Советот во јуни и смета дека ќе биде неодговорно ако ЕУ не ги исполни ветувањата што ги даде за нашата држава.

Особено, како што вели,  по видливиот напредок во реформите и историскиот пробив со Преспанскиот договор.

-Ако нашите земји партнери испорачаат реформи, членките на ЕУ мора да испорачаат исто така, доведувајќи го  процесот на пристапување во следна фаза. Придржувањето кон нашите ветувања е прашање на кредибилитет на ЕУ. Второ, интеграцијата во ЕУ на Западен Балкан е во интерес на самата Унија: тоа создава стабилност, просперитет, како и демократски и инклузивни општества во нашето непосредно соседство. Перспективата за ЕУ е клучен двигател на реформите. Трето, би било неодговорно ако ЕУ не ги исполни своите ветувања. Не само затоа што тоа би можело да доведе до назадување во реформите, туку и поради нашите конкуренти во регионот, како што се Кина, Турција, Русија, кои имаат различни вредности и  може да ги искористат предностите од нашето двоумење и да го зголемат нивното влијание. Ако ЕУ навистина сака да стане глобален играч, мора да го интегрираме Западен Балкан и да ги здружиме силите во справувањето со заедничките предизвици како миграцијата, климатските промени и организираниот криминал, вели Хан во интервју за „Независен" коментирајќи ги резервите на одредени земји членки за датумот за почеток на преговори.

Коментирајќи ги актуелните политички случувања во земјава, Хан изразува надеж дека Преспанскиот договор нема да биде жртвуван заради партиско-политички причини имајќи предвид дека е дел од кампањата за претседателските избори.

-Преспанскиот договор е постигнување од историски димензии, признаено од меѓународната заедница. Тој испраќа позитивен сигнал до целиот регион дека помирувањето во Западниот Балкан е можно со политичко лидерство и со  ориентација кон иднината. Се надевам дека ова достигнување нема да биде жртвувано поради партиски политички причини. Во интерес на земјата е ова остварување да биде неповратно, како и реформите направени во клучните приоритетни области. Време е политичките лидери на Западниот Балкан да размислуваат на долгорочен стратегиски начин,  т.е. што е најдобро за нивните земји и граѓани, наместо да ги следат партиските политички размислувања, порачува Хан.

Прашан во врска со барањата за амнестија поднесени од осудените за „27 април", еврокомесарот за проширување го повика претседателот Ѓорѓе Иванов да не се меша во судските постапки, порачувајќи му индиректно да заборави на амнестијата.

-Како и во претходните слични прилики, можам само да апелирам до претседателот во заминување да не се меша во тековните судски постапки, вели Јоханес Хан./МИА.

Курц обвинува дека со лажни меилови се обидувале да го поврзат со аферата ,,Ибица”

Австрискиот лидер на конзервативците и досегашен канцелар ,Себастијан Курц, денеска изјави дека со лажни меилови имнакло обид да се поврзе со видео аферата на остеровот Ибица, поради која падна неговата влада.

Вицеканцеларот Ханц- Кристијан Штрахе поднесе оставка минатиот месец , откако германските медиуми ја објавија видео снимнката од островот Ибица , каде тој на лажна внука на руски милијардер и нуди попуст при тендери вредни 250 милиони евра.

Курц денеска изјави дека една австриска медиумска куќа добила копии на електронска пошта , која наводнио си ја разменувал со блискиот соработник Гернот Блумел , што ги поврзува со скандалот. Истрагата на неговата партија и на независна компанија за истраги потврдила дека меиловите се лажни.

,,Ова е обид за клевета. Тоа е обид Народната партија да се вовлече во скандал , конкретно да се вовлече Гернот Блумел и мене.” , обвини Курц на вонредна прес конференција.

Не е познато кој стои зад лажните меилови , рече Курц , кој се надева на победа по вонредните избори на 29 септември.

Драма на летот од Приштина до Базел – Десетина патници завршиле во болница (ВИДЕО)

Вистинска драма се случувала во авионот на компанијата ALK Airlines , кога Боингот 737-700 влетал во силна турбуленција, од која дури се откачиле неколку седишта.

Авионот , регистриран во Бугарија , летал на со 121 патник од Приштина кон базел во Швајцарија. Додека летал над северен Тирол во Австрија , авионот се обидувал да заобиколи воздушна бура и на само 30 минути пред слетувањето , настанала силна турбуленција во авионот.

Од силината на потресите неколку седишта излетале од лежиштата , раскажуваат патниците.

Снимката објавена на Јутјуб најдобро појкажува каква драма преживеале патниците.

По успешното слетување во базел , десет патници биле пренесени во болница , но за среќа имале само полесни повреди.

Во акцијата ,,Тајрон “ запленети 19 тони кокаин

Европол и Колумбија во заедничката акција ,,Тајрон “ запленија рекордни 19 тони кокаин.

Полицијата на Колумбија и европаската полиција Европол ја завршија заедничката акција против нелегалната трговија со дрога и оружје од Јужна Америка кон Европа.

Според соопштението од Европол , во текот на полициската акција ,,Тајрон “ биле спроведени 75 истраги и запленети 19 552 килограми кокаин . Биле уапсени 583 лица , прегледани 36 пловила и на нив запленети 140 пратки на кокаин скриени во тоаварот или во пакети.

Покрај тоа, било влезено во трагата на над 3 000 парчиња огнено оружје , запленети 133 парчиња , како и 14 600 парчиња муниција , делови за оружје , неколку ракетни фрлачи и рачни бомби.

Основната операција ,,Тајрон “ се одвивала од 8. март до 16. јуни .

притисни ентер