Фото: Револуција во медицината, живо 3Д срце!!

Израелски научници го отпечатиле првото 3 Д срце користејќи ќелии на пациент.

Според нив оваа постапка во следните десетина години би можела да се користи за лекување. Можеби дури и за целосна трансплантација.

Роналдо во Дубровник сместен во вила каде ноќевањето чини 7000 евра

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо на Јувентус му ја донесе осмата последователна титула шампион на Италија.

Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.

Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез  во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини „само“ околу 7000 евра.

Во истата вила престојувале и Елизабет тејлор, Ричард бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс ...

Со прекрасниот поглед од  нивниот апартман во преубавата вила  на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.

Фото: Во специјални дресови до титула!!

Фудбалерите на богатиот ПСЖ во 33 коло од Лига ! во голем стил ја одбранија шампионската круна во Франција.

Во дрес со мотиви на Нотр Дам, најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе постигна хет-трик, а Бразилецот Нејмар по подлг период поради повреда се врати на теренот во победата над Монако од 3-1.

Почна теренската вакцинација и ревакцинација во училиштата во Скопје

Почна теренската вакцинација и ревакцинација во училиштата во Скопје. Вкупно 400 деца на територијата на Скопје не се вакцинирани .

Од Здравствениот дом Скопје очекуваат тие да бидат опфатени  во текот на оваа недела . Од утрово вакцинацијата започна во основното учлиште Јан Амос Коменски во општина Карпош.

Од здравствениот дом информираат дека сите родители се навреме информирани за вакцинацијата . Инаку минатата недела беше прогласена епидемија на морбили на целата територија на држава, се очекува вакцинацијата да се одвива во сите градови

притисни ентер