Националната Стратегија за мали и средни претпријатија на владина седница

 Информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Националната Стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023-та година, со Акциски план ќе биде разгледана на денешната 130-та владина седница.

На дневен ред на седницата е и информацијата за прогресот на реализација на акцискиот план за пристапни рампи за лицата со инвалидност, како и информацијата за подготовка на национална стратегија за електронско здравство, со Предлог – одлука.

Како материјал за информирање, Владата  ќе ги разгледа Информацијата за прогресот во однос на обезбедување на посебен софтвер (програма) за внесување и процесирање на податоци за сообраќајни незгоди „Електронски записник од увид во сообраќајна незгода", како и информацијата за прогресот и реализацијата на проектот „Креирање на стандарди на професионални компетенции". 

Министерски совет на ЕУ за Македонија и за Албанија

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од западниот Балкан и проширувањето.

 Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи.

Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок.

Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

Коловозите влажни, можни одрони низ котлините и клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево-Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за рсчистување на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ФЕИТ одбележува 60 години постоење

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во рамки на одбележувањето шест децении од основањето, денеска ќе им додели „Златна диплома" на сите студенти кои дипломирале пред 50 години.

Според факултетот, ќе бидат доделени 60-тина дипломи на дипломирани електроинженери од првите генерации. 

притисни ентер