Електричен новитет на Фолксваген со поголема комоција и од Туарег

Фолксваген го претстави својот до сега најголем електричен модел на автомобил , кој наскоро ќе ја добие својата промоција на саемот во Шангај.

Според производителот I.D. Roomzz  ќе има покомотна кабина од Туарегот , кој е најпресдтижен модел во оваа категорија возила. Формата му е на кросовер со цел да го достигне моделот Х.

Новиот I.D. Roomzz ќе се одликува со врата на лизгање , што делува интересно за ваквиот вид на возила. Погонот е на два електромотори со сила од 306 Кс и има дострел од 450 км, благодајејќи на двата комплета батерии.

За да достигне до 100 км/час му се потребни 6 секунди со максимални 180км/час.

За половина час батериите се полнат до 80%. Возилото ќе има вграден систем за автономно возење и тоа од четврта категорија.

Кога се активира автопилотот, тогаш седиштата може да се свртат и се добива клуб позиција со задните седишта. Моделот влегува во сериско производство од следната година.

Душко се разведува од Јелена Карлеуша?!

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ само чекал да поминат 40 дена од смртта на мајката на Јелена Дивна да ја продолжи процедурата за развод.

Фудбалерот на кинескиот Гвунагжу дефинитивно е одлучен во намерата да се разведе од сопругата популарната пејачка Јелена Карлеуша. Бракот на Душко и Јелена полека се распаѓа по порно аферата на Карлеуша со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.

Тошиќ веќе контактирал со својот адвокат и го информирал дека планира започнување на бракоразводна парница.

-Душко е одлучен во намерата да стави точка на бракот со јелена. Нивниот брак сериозно е во криза по скандалот на Јелена со Врањеш. Тошиќ сака да стави точка на бракот кој трае 11 години, само го чека вистинскиот миг, им раскажал на медиумите  пријател на познатиот фудбалер.

-По аферата , Душко и Јелена само во јавноста глумеа среќен пар, и тоа поради инсистирањето на Карлеуша, дома преживувале вистинска драма, дополнил истиот извор.

Душко одамна донел одлука за развод но се стопирал поради смртта на мајката на Јелена.

-Уште на 1 март ги поднел документите за развод. Меѓутоа , два дена подоцна починала мајката на Јелена Дивна, и тој одлучил се да биде стопирано. На пријателите им кажал дека ќе почека да минат 40 дена за да продолжи таму каде што застанал. Иако и бил многу лут, Душко сепак цело време бил крај Јелена кога таа останала без својата мајка и ја испрочитувал во секоја смисла. Сега, кога таа им се вратила на секојдневните активности, Душко е решен да тргна по својот пат, објаснил соговорникот.

Дека бракот меѓу Јелена и Душко е пред самиот крај потврди и фактот што тие двајца веќе не се следат на социјалните мрежи.

Краток еко-час во Едукативниот центар на Зоолошката градина

Краток еко-час во организација на Град Скопје се одржа денеска во Едукативниот центар на Зоолошката градина во Скопје, на тема „Вредноста на дивите видови". 

Во овие активности, по повод Денот на планетата Земја се вклучи и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Презентација за природните богатства, видовите животни и растенија беше одржана од страна на Биљана Стевановска во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на локално ниво за спроведување на европското законодавството во областа на заштита на природата", односно промовирање на „Натура 2000" што ги почитува и сака да ги заштити на ниво на Европа сите можни видови на растенија и животни.

Учениците од СУГС Гимназија „Орце Николов" и штитениците од Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака" по едукативниот част засадија дрва во еден дел од Зоолошката градина.

Одржувањето на еко-часот беше во контекст на основната порака на Рамковната конвенција на Обединети нации за климатски промени (UNFCCC), според која едукацијата за влијанието на климатските промени, преземањето акција и заедничкото делување за заштита на биодиверзитетот, како и одржливиот развој, го подобруваат здравјето и благосостојбата на целата заедница. 

Најбогатиот Данец во бомбашките напади во Шри Ланка загубил три деца

Најбогатиот Данец според магазинот Форбс, милијардерот Андерс Холч Повлсен по бомбашките напади во Шри ланка остана без три од своите четири деца.

46- годишниот Повлсен кој е сопственик на меѓународниот синџир на продавници за облека „Бестселер“ објави дека три од неговите четири деца се убиени во терористичките напади на Шри Ланка. Семејството на данскиот милијардер било на одмор на Шри Ланка за католичкиот Велигден, пренесе „Дејли маил“.

Андрес Повлсен е најголемиот акционер на британската онлајн продавница „АСОС“ и вториот најголем акционер на германската онлајн продавница „Заландо“.

Данскиот милијардер воедно е и сопственик на 89 илјади хектари земја во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во земјата.

Според листата на магазинот „Форбс“ од 2018 година , Повлсен со богатство од 7,9 милијарди американски долари е најбогатиот Данец во светот.  

притисни ентер