Харадинај им се налути на Могерини и на Хан

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај оцени дека порасди изјавите на шефицата на европската дипломатија , Федерика Могерини и на еврокомесарот за соседска политика , Јоханес Хан, за корегирање на границата со Србија , изгубил една година.

Според косовските медиуми , изјавите на Могерини и на Хан го забавиле процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина , рекол харадинај и потврдил дека до сега договорот можеби ќе беше потпишан доколку не се разговарало за геаничната линија меѓу Косово и Србија.

Во врска со изјавата на Хан дека не ја исклучува можноста за корекција на границата доколку Белград и Приштина се договорат , Харадинај смета дека е една од големите грешки на ЕУ.

,,Да се остави можноста за да се зборува за територија и граници , тоа е продолжување на погрешната политика на европските функционери , кои за среќа наскоро си заминуваат.” , оценил Харадинај за приштинска Газета.

Градоначалник во Ново Село ќе се бира во втор круг

Неважечките 103 ливчиња се причина да нема избор на градоначалник на Општина Ново Село на вчерашните предвремени избори.

 Имено, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Николчо Стоилков добил 2.753 гласови, а за кандидатот на СДСМ, Никола Андонов гласале 2.693 избирачи.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Венера Шопова, кандидатот Стоилков не ги добил потребните 50 проценти плус еден гласови за победа во првиот круг поради неважечките ливчиња и затоа на 5 мај ќе се одржи втор изборен круг.

Од 11.302 запишани избирачи во Ново Село вчера на гласање излегле 5.549 граѓани со право на глас, од кои 103 гласачки ливчиња се неважечки.

Во Општина Ново Село предвремени избори за градоначалник се одржаа заради тоа што поранешениот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна поради обид за шверц на цигари.

Локални врнежи утре, од четврток потопло и нестабилно

Локални врнежи од дожд и засилен ветер од југоисточен правец, а од четврток повисоки температури и нестабилно време, најавуваат метеролозите за утре.

Од среда, како што информираат од УХМР ќе настапи преодно стабилизирање на времето, додека од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.

Водостојот на Бабуна двојно повисок од вчера

 Водостоите на сите реки во земјава се пониски од просекот за април и бележат благо зголемување или намалување во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок е Бабуна на мерното место кај Богомила каде нивото е двојно повисоко од вчерашното.

Водостоите, пак, на природните езера во земјава се исти како вчера. Нивото на Дојранското Езеро е за речиси три метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека водостоите на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од вообичаените. 

притисни ентер