,,Me влечеше за коса , а потоа мобилниот ми го скрши од лицето” – актерка раскажува како била претепана од Џони Деп (ВИДЕО)

Американската актерка Амебер Хард раскажа за мачната врска со холивудската ѕвезда Џони Деп.

Таа за Дејли Мејл до детали ја раскажа тепачката во мај 2016 , по што решила да се разведе од него. Сведочењето на Хард датира од август истата година, а вчера го објавија американските медиуми. Таа во друштво на својот и на неговиот адвокат се потсети на исказот даден како дел од процесот на развод. Во видеото раскажува дека Деп ја влечел за коса и и го скршил телефонот од лицето .

За среќа на другата страна на линија била нејзината пријателка , која повикала полиција. Кога дошла полицијата Хард не сакала да каже ништо , зашто се плашела дека Деп може повторно да избувне.

,,Се сеќавам на пцовките кон мојата пријателка Ио Тајлет Рајт , а потоа ми го фрли телефонот во лице . Му реков дека ме погодил во око ,почнав да плачам ,  а тој дојде и ме грабна за коса и ми рече : Сум те погодил во око ,а? Дај да видам каде тоа сум те погодил. Што ако те повлечам за коса? . Тешко е тоа да се опише , но тогаш како да ме влечеше од една на друга страна држејќи ми ја косата.” раскажува вознемирената актерка.

Деп продолжил да вика по неа и таа од цел глас викала за помош , во надеж дека пријателката е се уште на линија и дека ќе повика полиција.

По извесно време влегла пријателката Роки , која имала свој клуч од станот , а потоа и телохранителот на Деп , па тој престанал да вика и да ја тепа.

Ианку , Деп ја тужи поранешната сопруга за 50 милиони долари , тврдејќи дека го наклеветила со кажување во јавноста дека ја малтретирал , а оваа снимка е еден од доказите во овој случај.

Роналдо во Дубровник сместен во вила каде ноќевањето чини 7000 евра

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо на Јувентус му ја донесе осмата последователна титула шампион на Италија.

Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.

Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез  во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини „само“ околу 7000 евра.

Во истата вила престојувале и Елизабет тејлор, Ричард бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс ...

Со прекрасниот поглед од  нивниот апартман во преубавата вила  на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.

Фото: Во специјални дресови до титула!!

Фудбалерите на богатиот ПСЖ во 33 коло од Лига ! во голем стил ја одбранија шампионската круна во Франција.

Во дрес со мотиви на Нотр Дам, најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе постигна хет-трик, а Бразилецот Нејмар по подлг период поради повреда се врати на теренот во победата над Монако од 3-1.

Почна теренската вакцинација и ревакцинација во училиштата во Скопје

Почна теренската вакцинација и ревакцинација во училиштата во Скопје. Вкупно 400 деца на територијата на Скопје не се вакцинирани .

Од Здравствениот дом Скопје очекуваат тие да бидат опфатени  во текот на оваа недела . Од утрово вакцинацијата започна во основното учлиште Јан Амос Коменски во општина Карпош.

Од здравствениот дом информираат дека сите родители се навреме информирани за вакцинацијата . Инаку минатата недела беше прогласена епидемија на морбили на целата територија на држава, се очекува вакцинацијата да се одвива во сите градови

притисни ентер