Сиљановска Давкова во Валандово: Ништо не сторија за да ги задржат младите, напротив ,како да ги бркаат

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Валандово

Сиљановска Давкова посебен акцент стави на владеењето на правото и правната држава, односно како што рече таа Македонија  не е слободна држава во изминатите две и пол години, односно дека со оваа влада таа е далеку од тоа.

Сиљановска Давкова спомена дека граѓаните секојдневно се иселуваат од државата, бидејќи со оваа влада тие немаат никаква преспектива за да останат овде.

Луѓето си заминуваат, и тоа оние кои ни се најпотребни, најумните најспособните, најкомпетативните, оние  кои може да се натпреваруваат во европските држави и подалеку. За жал, политиката на оваа власт не е политика за тоа да води сметка дека тие се потребни овде. Ништо не сторија за да ги задржат, напротив како да ги бркаат. Тоа мора да се смени, кажа Сиљановска Давкова.

Таа пред граѓаните потенцираше дека иако ветувале живот не го донеле животот, алудирајќи на тоа дека доколку граѓаните ја изберат нејзе за претседател на Република Македонија ќе се бори за еколошката заштита и дека тоа ќе биде еден врвен приоритет бидејќи се работи за животот на граѓаните.

Според нејзе иако СДСМ и Заев го склучиле Преспанскиот договор со образложение дека тој е услов за влез во ЕУ и НАТО, тоа не е така бидејќи ЕУ ќе испорача нови услови за исполнување на европски стандарди бидејќи токму тие се неопходни за почеток на преговорите.

Лани прославија членство или почеток на преговори со ЕУ зошто демек ако се исполни условот наречен Преспански договор година само потписот ќе се стави и ќе почнеме да преговараме. Јасно е дека од тоа ништо не бива и сега повторно измислуваат по наводници  аргументи и сигурни сме дека повторно Европската унија односно комисија ќе измисли некоја формулација од типот на уште една дополнителна домашна задача за да може да се подготви почетокот на преговорите што веќе ги почнавме или веќе требаше набрзо да ги почнеме. Причината лежи во отсуството на исполнување на било кој европски стандард, а тие се неопходниот услов за почеток на преговори и за членство на ЕУ, вели Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова смета дека функционерите од владата на Заев се во изборна кампања, односно како што рече таа како професор по уставно право одговорно тврди дека е шок кога ќе се види министер за внатрешни работи во кампања,а гледа и други министри и директори на јавни претпријатија кои се шефови на изборни штабови, нагласувајќи дека со ова не може да се зборува за департизирана администрација.

Таа изјави дека владеењето на СДСМ е како во минатото без демократија, а власта концентирана во рацете на еден човек што претставува лош начин на практикување на власта.

Се чини дека и практикувањето на власта е како некогаш, како да сме застанале во времето бидејќи очигледно е дека не само што нема внатрепартиска демократија во СДСМ а на сите им држат лекции за потребата од реформи, туку нема никаква демократија ниту во владата бидејќи сета власт е концентрирана во рацете на премиерот, тој го има првиот и последниот збор, истакна проф. д-р Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова посочи дека е потребно обединување и заедништво на сите граѓани во државата и масовно излегување на изборите на 21 април се со цел да се врати правото и правдините во Македонија.

Оваа земја не е пристојна земја, ова земја е непристојно место зошто тие се однесуваат непристојно, зошто живеат како да се изолирани од народот и затоа мислам дека народот на 21 април треба да им покаже дека постоите заради нас, од нас ви извира мандатот и легитимитетот. Не заборавивте, тогаш сега ние ќе ви речеме збогум,

На крај таа заврши дека доаѓа време да се стави крај на безаконието, непотизмот, криминалот и корупцијата и конечно враќање на владеењето на правото и слободата во Македонија.

Доаѓа времето кога треба да се стави крај на без законието на пропадната економија, на корупцијата и криминалот, на невидениот непотизам и фамилијарните односи,а тоа е 21 април, тоа е денот кога ние уште еднаш ќе потврдиме дека и кога мислат дека сме паднати во духот тогаш сме пред конечната одлука. Одлука да си ја повратиме слободата, да си го вратиме правото и правдата и за Македонија и во Македонија, заврши Сиљановска Давкова.

Намалена видливост на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Попова Шапка – Гајре – Тетово, до 150 метри на Плетвар, Кичево и Македонски Брод, од 50 до 100 метри во Крива Паланка и до 50 метри во Тетово – Групчин.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./МИА

Активистите на „Охрид SOS" преку отворено писмо бараат разрешување на тројца службеници на МЖСПП

Активистите на еколошката Граѓанска иницијатива „Охрид SOS" денеска испратија Отворено писмо до министерот за животна средина и просторно планирање, во кое укажуваат на противзаконското постапување од одредени лица на службени позиции.

Како што наведува „Охрид SOS", овие лица со своето делување ја опструираат процедурата за прогласување на Охридското Езеро и Студенчишко блато за Рамсар заштитено блатно подрачје.

Граѓанската иницијатива посочува дека лицата Влатко Трпески (раководител на Одделение за биодиверзитет, Сектор природа, Управа за животна средина, МЖСПП), Александар Настов (раководител на Одделение за биодиверзитет, Сектор природа, Управа за животна средина, МЖСПП) и Бранко Мицевски (претседател на Македонскиот рамсарски комитет и редовен професор на Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет), години наназад противзаконски и на штета на јавниот интерес го попречуваат прогласувањето на Студенчишко блато на Охридското Езеро за подражје што би било под посебна заштита како едно од најзагрозените низински блатни/водни живеалишта во земјата.

Граѓанската иницијатива „Охрид ЅОЅ", заедно со Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. уште во октомври 2017 година имаат поднесено формална иницијатива до МЖСПП за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко блато за Рамсар подрачје.

-Од низата бесмислени преписки и бесполезни состаноци со гореименуваните, вклучително и пример на недолично однесување може многу лесно да се утврди дека сите горенаведени се ставија во функција на опструирање на постапката за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко блато како Рамсар подрачје за што претпоставуваме дека има неколку причини. Бранко Мицевски од позиција на стручен авторитет и претседател на МРК презентираше дезинформации во врска со Рамсарската номинација, како на пример: „недоволно податоци и потреба од дополнителни студии", „податоците не смее да се постари од 10 години", „непозната е вредноста на Студенчишко блато", „Рамсарската конвенција се однесува само на живеалиштата на птици", иако, дури и да нема ниедна птица, езерото и Студенчишко сепак би се прогласиле за Рамсар подрачје според останатите критериуми, посочуваат од „Охрид SOS".

Активистите на „Охрид SOS" во јули оваа година сами изработија детална апликација со номинација, што од страна на Рамсарскиот секретаријат е потврдена како комплетна, односно оти Охридско Езеро ги задоволува сите девет критериуми на Рамсар, така што шпреостанува само МЖСПП формално да го поднесе барањето, но тоа се уште не е сторено.

-Дописот беше воедно испратен и до МЖСПП и МРК. Оттогаш поминаа пет месеци и апликацијата уште не е поднесена. Последно, во Нацрт-планот за управување со Охридскиот Регион стои нов, веќе четврти рок за исполнување на оваа обврска – крајот на 2020 г. за што ќе треба да се обезбедат милион денари, кои се апсолутно непотребни бидејќи апликацијата е бесплатна. Рамсарската апликација, повеќе од очигледно се опструира од клучните луѓе во процесот, посочуваат од „Охрид SOS".

Рамсар номинацијата ќе додаде уште една заштитна бариера на Охридското Езеро и Студенчишко блато, оттаму што како што посочуваат од „Охрид SOS", секој степен на заштита особено меѓународна, е од непроценливо значење за регионот поради огромниот ризик од негово целосно уништување доколку управувањето и мониторингот останат исклучиво во рацете на македонските институции./МИА

Улиците во Бејрут се претворија во реки

Невреме со обилни дождови парализираше делови од Бејрут, главниот град на Либан, претворајќи ги улиците во реки и заробувајќи луѓе во возилата.

Дождот почнал да паѓа во недела во утринските часови во целата земја, но Бејрут и предградието се најмногу погодени.

Во јужното предградие водата постигнала толкаво ниво што возилата се скоро целосно потопени под вода.

Поплавите го погодија Бејрут за време на одржување протесни, покренати пред скоро два месеци, против политичките елити и корупцијата.

Секоја година кога паѓа дожд, патиштата во Либан се поплавуваат заради неадекватната канализација, пишува „АП“.

притисни ентер