Анкети: Пендаровски во мало водство пред Силјановска Давкова

На последниот ден од законски дозволениот рок за објавување предизборни анкети, две истражувања го мерат пулсот на граѓаните пред првиот круг од претседателските избори.

Кандидатот на власта Стево Пендаровски во благо водство пред  кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска за иден претседател, покажуваат псоледните две анкети на „Рејтинг„  и на МЦМС и Институтот за демократија „Социетас цивилис“.  38,3 проценти од испитаниците од анкетата на Рејтинг кои потврдиле дека ќе излезат на гласање на 21 април гласот ќе го дадат за Пендаровски, 33,2 отсто би галсале за Силјаносвка, а 12,6 проценти за Река.16 отсто од испитаниците пак се уште не одлучиле за кого ќе го дадат гласот в недела.

 Нешто помала е предноста на Пендаровски пред Силјановска според анкетата на МЦМС, според која 27,2% в недела би галсале за кандидатот на СДСМ и ДУИ, наспроти 23,5% кои својот глас ќе го дадат за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска. Кандидатот на БЕСА и Алијансата ќе го заокружат 11 проценти од испитаниците. Високи 18 отсто од испитаниците и во оваа анкета се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас. Силјаносвка, според истата анкета ужива поголема поддршка кај е етничките Македонците, додека Пендаровски има поголема поддршка кај Албанците. Најголем дел од етничките Албанци 41,6% одговориле дека ќе гласаат за Блерим Река.

Во однос на излезноста пак, која останува голем предизвик на престојните избори, според анкетата на МСМС 68,1% од испитаниците се изјасниле дека ќе излезат на гласање, но одн нив само 41,8 отсто потврдиле дека со сигурност ќе гласаат на изборите, а речиси секој петти гласач, односно 18,3% се ијаснил дека со сигурност нема да гласа за иден шеф на државата.

Околу 70 отсто од граѓаните во анкетата на рејтинг посочиле дека  редовно, често или понекогаш ја следат претседателската кампања. Околу 60 проценти од нив за кампањите се информирале од телевизиите, околу 20 проценти од социјалните мрежи, а 7,5 % кампањата на Силјановска, Пендаровски и Река ја следеле на интернет порталите.

Анкетата на Рејтинг е спроведена врз 1112 испитаници во периодот од 8-14 април, а на МСМЦ врз 967 испитаници од 7 до 11-ти месецов.

Рокот за објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, според роковникот на ДИК, истекува дененска на полноќ.

Променет режим на сообраќај на патниот правец Гостивар-Маврово

Поради градежни активности на автопатот А2 денеска на патниот правец Гостивар-Маврово ќе има променет режим на сообраќај, информираат од АМСМ.

– Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека на ден 18.06.2019 година ќе се започне со изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, патен правец Гостивар-Маврово, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, се наведува во соопштението од АМСМ.

Промоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан Марковски

Промоција на книгите „Болката на јаболкото" од Санде Стојчевски, „Мини прирачник за поезија" од Елена Пренџова и „Хипербог" од Стефан Марковски, ќе бидат промовирани вечерва во Салон 19:19, во Културно-информативниот центар – Скопје.

Како што најавија од КИЦ-Скопје, книгите ќе ги промовира Филип Клетников, а извадоци ќе читаат авторите.

Санде Стојчевски е реномиран македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга" – Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Елена Пренџова (1985, Скопје) е поетеса и слемерка. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На книжевната сцена е присутна една деценија, како авторка на шест поетски збирки, од кои четири се наградени со национални награди, и има една коавторска двојазична збирка, во препев на српски. Денес е една од уредниците на најстарото книжевно списание „Современост" и активна членка на ДПМ од 2012 год. Последните неколку години организира слем-натпревари во градовите низ Македонија.

Стефан Марковски е роден и израснат во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет и Институтот за филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а магистрирал Сценарио за филм и ТВ на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Марковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт и други здруженија. 

САД ќе испратат околу илјада војници на Блискиот исток како одговор на „заканата“ од Иран

САД ќе испратат околу илјада војници и воена опрема на блискиот исток како одговор на „заканата“ од Иран, изјавија синоќа од Пентагон

Според него, Вашингтон не оди во конфликт со Иран. Мерката е во прилог на безбедноста на веќе присутните воени служби и заштита на националните интереси на САД во регионот.

Како што е веќе познато, на 13 јули во Оманскиот залив се случија експлозии на два нафтени танкера, јапонски и норвешки.  Танкерите биле нападнати во близина на Ормускиот теснец.

Сите 44 морнари на тие пловила се евакуирани од ирански итни служби и префрлени во пристаништето Џаск, лоцирано на територија на Иран.

Одговорноста за експлозиите САД ја префрлаат на Иран, а Техеран ги отфрла обвинувањата.

притисни ентер