Свештеник исфрлен од црквата зашто жена му победила на избор на Мис на сексуалноста (ВИДЕО)

Рускиот свештеник Сергеј Зотов е исфрлен од служба во Православната катедрала во Магнитигорск и префрлен во зафрлено село , откако неговата сопруга Оксана победила на натпреварот Мис на сексуалност.

На свештеникот му било кажано дека неговата сопруга направила невиден скандал , а ќе се врати на служба во катедралата само доколку Оксана се покае за гревовите. Зотов рекол дека сопругата знае каде згрешила , но атрактивната мисица не сака јавно да се покае и смета дека нема ништо лошо во изборите на убавина.

Свештеникот изјавил дека добива голем број закани од екстремните верници во неговото место. Од Руската црква не попуштаат во одлуката и бараат Оксана да ги тргне и фотографиите на социјалните мрежи , на кои се слика со куси фустанчиња и со гоелми деколтеа.

По скандалот, Оксана ги избришала фотографиите од социјалните мрежи.  

Најбогатиот Данец во бомбашките напади во Шри Ланка загубил три деца

Најбогатиот Данец според магазинот Форбс, милијардерот Андерс Холч Повлсен по бомбашките напади во Шри ланка остана без три од своите четири деца.

46- годишниот Повлсен кој е сопственик на меѓународниот синџир на продавници за облека „Бестселер“ објави дека три од неговите четири деца се убиени во терористичките напади на Шри Ланка. Семејството на данскиот милијардер било на одмор на Шри Ланка за католичкиот Велигден, пренесе „Дејли маил“.

Андрес Повлсен е најголемиот акционер на британската онлајн продавница „АСОС“ и вториот најголем акционер на германската онлајн продавница „Заландо“.

Данскиот милијардер воедно е и сопственик на 89 илјади хектари земја во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во земјата.

Според листата на магазинот „Форбс“ од 2018 година , Повлсен со богатство од 7,9 милијарди американски долари е најбогатиот Данец во светот.  

Роналдо во Дубровник сместен во вила каде ноќевањето чини 7000 евра

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо на Јувентус му ја донесе осмата последователна титула шампион на Италија.

Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.

Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез  во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини „само“ околу 7000 евра.

Во истата вила престојувале и Елизабет тејлор, Ричард бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс ...

Со прекрасниот поглед од  нивниот апартман во преубавата вила  на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.

Фото: Во специјални дресови до титула!!

Фудбалерите на богатиот ПСЖ во 33 коло од Лига ! во голем стил ја одбранија шампионската круна во Франција.

Во дрес со мотиви на Нотр Дам, најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе постигна хет-трик, а Бразилецот Нејмар по подлг период поради повреда се врати на теренот во победата над Монако од 3-1.

притисни ентер