Меган Маркл се породила во тајност?!

Војводата и војвотката од Сасекс пред неколку дфена објавија дека деталите за раѓањето на новното прво дете ќе ги држат во тајност , а јавноста ќе биде известена дури откако семејството ќе го прослави раѓањето на новиот член.

Британските медиуми денеска почнаа да шпекулираат дека бебето е веќе родена , зашто Меган заминала на породилно боледување на 20 март.

,,Војводата и војвотката од Сасекс се заблагодаруваат на прекрасните желби и честитки штѕо ги добија до сега и се подготвуваат за раѓањето на своето прво дете. Војводата и војвотката лично донесоа одлука раѓањето на бебето да биде приватно. Јавноста ќе биде известена ,откако раѓањето ќе биде прославено во тесниот круг на семејството.” , напишаа Меган и Хари во соопштението , а многумина оваа порака ја протолкуваа како знак дека бебето веќе се родило.

Бидејќи помина речиси еден месец од породилното отсуство на Меган , медиумите веќе пишуваат дека бебето е родено.

Шпекулациите ги подгреа и доаѓањето на пријателот на Меган и можен кум на бебето , Даниел Мартин во Лондон. Двојката напртави и Инстаграм профил на кој најверојатно ќе објават фотографии од бебето , кој веќе три дена не е активен.

Краток еко-час во Едукативниот центар на Зоолошката градина

Краток еко-час во организација на Град Скопје се одржа денеска во Едукативниот центар на Зоолошката градина во Скопје, на тема „Вредноста на дивите видови". 

Во овие активности, по повод Денот на планетата Земја се вклучи и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Презентација за природните богатства, видовите животни и растенија беше одржана од страна на Биљана Стевановска во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на локално ниво за спроведување на европското законодавството во областа на заштита на природата", односно промовирање на „Натура 2000" што ги почитува и сака да ги заштити на ниво на Европа сите можни видови на растенија и животни.

Учениците од СУГС Гимназија „Орце Николов" и штитениците од Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака" по едукативниот част засадија дрва во еден дел од Зоолошката градина.

Одржувањето на еко-часот беше во контекст на основната порака на Рамковната конвенција на Обединети нации за климатски промени (UNFCCC), според која едукацијата за влијанието на климатските промени, преземањето акција и заедничкото делување за заштита на биодиверзитетот, како и одржливиот развој, го подобруваат здравјето и благосостојбата на целата заедница. 

Најбогатиот Данец во бомбашките напади во Шри Ланка загубил три деца

Најбогатиот Данец според магазинот Форбс, милијардерот Андерс Холч Повлсен по бомбашките напади во Шри ланка остана без три од своите четири деца.

46- годишниот Повлсен кој е сопственик на меѓународниот синџир на продавници за облека „Бестселер“ објави дека три од неговите четири деца се убиени во терористичките напади на Шри Ланка. Семејството на данскиот милијардер било на одмор на Шри Ланка за католичкиот Велигден, пренесе „Дејли маил“.

Андрес Повлсен е најголемиот акционер на британската онлајн продавница „АСОС“ и вториот најголем акционер на германската онлајн продавница „Заландо“.

Данскиот милијардер воедно е и сопственик на 89 илјади хектари земја во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во земјата.

Според листата на магазинот „Форбс“ од 2018 година , Повлсен со богатство од 7,9 милијарди американски долари е најбогатиот Данец во светот.  

Роналдо во Дубровник сместен во вила каде ноќевањето чини 7000 евра

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо на Јувентус му ја донесе осмата последователна титула шампион на Италија.

Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.

Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез  во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини „само“ околу 7000 евра.

Во истата вила престојувале и Елизабет тејлор, Ричард бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс ...

Со прекрасниот поглед од  нивниот апартман во преубавата вила  на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.

притисни ентер