Фото: Секси Ванда повторно провоцира

На мојот Мауро му одземаа се освен љубовта кон Интер!!

Шпанската сапуница се уште трае, триаголникот во кој се фудбалерот Мауро Икарди неговата сопруга и менаџер Ванда Нара и Интер како да не може да се реши.

Сексапилната Ванда  уште една го прозва клубот на нејзиниот сопруг .

Извонредниот Аргентинец веќе не е капитен на Интер, а веќе не ги шутира и пеналите. Долго време беше надвор од теренот, многумина сметаа дека симулира повреда. Но сега Икарди е повторно во тимот но со многу помали овластувања.

Во една ТВ емисија Ванда ги коментираше случувањата во Интер.

-Интер на Икарди му ја одзема капитенската лента, улогата на прв изведувач на пенали, но не можеа да му ја одземат љубовта кон клубот, изјавила Ванда.  

Сите биле изненадени од одлуката Иван Перишиќ да го изведе пеналот против Фросиноне.

-Евидентно беше дека Перишиќ го праша Мауро, кој позитивно одговори. За мене тој гест е многу позначаен од голот. Тое е нешто предобро. Токму како и фактот што Мауро прв му го честиташе голот. Тоа, сепак не значи дека тие двајца се пријатели, изјавила ванда  во шоуто.

Астон Мартин се појави со првиот V8 СУВ (ВИДЕО)

Првиот модел на спортско урбано возило на Астон Мартин пристигна на тестирање на патеката во Нирнберг.

Во Астон Мартин не сакаа да гледаат како Ламборџини и другите од таа класа собираат заработувачка од продажбата на популарните СУВ модели. Очигледно премиерата се наближува , зашто Астон Мартин веќе го изнеасе на тестирање најновиот модел на патеката во Нирнберг.

Новиот DBX најверојатно ќе има 4.0 V8 twin turbo мотор од AMG , со осмостепен менувач. Треба да се очекува сила од 510 Кс и 685 Нм , што значи и дека до 100 км/час ќе стигнува за помалку од 3,8 секунди.

Максималната брзина ќе биде 250 км/час.

Кралицата Елизабета го прослави роденденот- Меган и Хари одушевија со честитката

Британската кралица Елизабета II денеска го прослави 93. роденден.  

Кралицата владее со Британија повеќе од 67 години , а годинава роденденот и се поклопи со Велигден , па го просклави во црквата Св.Џорџ во Виндзор. Кралицата на мисата во кралската црква  за Велигден стигна во тиркизен капут и шешир.

Таа дојде со принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Таму веќе ја чекаа трудната војвотка Меган и сопругот , принцот Хари. Бебето , кое треба да се роди до крајот на овој месец , ќе биде осми внук на кралицата.

,,Среќен роденден , Ваше Височество, Мамо, Бабо.” , напишаа Хари и Меган на честитката за кралицата , која ја објавија на Инстаграм.

Роденденот на кралицата во понеделник ќе биде одбележан со плотун на воена парада во 11 часот во Хајд Парк , во близина на Бакингамската Палата.

Најлутиот ривал за роденденот на Мустанг му испрати торта (ВИДЕО)

Најлутиот ривал на Форд , Шевролет , со торта му го честита 55 . роденден на најпродаваниот американски спортски автомобил.

Форд Мустанг , иако наполни 55 години , се уште е најпродаван спортски автомобил во САД.

Од најлутиот ривал , Џенерал Моторс , пристигна роденденска честитка објавена на нивниот сајт. Од Шевролет со торта му го честитаа роденденот на Мустанг.

Овој автомобил е прв пат претставен на 17 април 1964 , а годишно од него се продаваат во просек по половина милион примероци. Минатата година беше продаден 10 – милионитиот примерок.

притисни ентер