Во Скопје Генерално собрание на енергетските регулаторни тела членки на ЕРРА

Годинава имаме чест да го организираме Генералното собрание на едно од најголемите светски здруженија на регулаторни тела.

Генерално собрание и состаноци на Комитетот за цени и тарифи и Комитетот за лиценцирање и конкурентност на Регионалната асоцијација на енергетските регулатори (ЕРРА), во која членуваат независни регулаторни тела на земји од Европа, Азија, Африка, Јужна и Северна Америка, денеска и утре се одржува во Скопје во организација на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-Годинава имаме чест да го организираме Генералното собрание на едно од најголемите светски здруженија на регулаторни тела, а воедно денеска и утре ќе се одржат и повеќе состаноци на работните комитети кои функционираат во рамките на ЕРРА. РКЕ членува во ЕРРА од 2004 година и досега е еден од најактивните членови, а во овој момент имаме и претседавач на една од работните групи кои работата на ценовната регулатива и на тарифите, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски на паузата на Генералното собрание.

Тој посочи дека членувањето и состаноците на ЕРРА даваат одлична можност за соработка на повеќе теми со регулатори од Европската Унија и од земји кои се надвор од Европа, но кои, посочи, имаат интересен пристап за решавање на соодветни регулаторни прашања.

-Во 2019 година РКЕ повеќе ќе се посвети на меѓународната активност и ќе побараме да се стекнеме со статус на посматрач во рамките на Асоцијацијата на европските регулаторни тела. Можноста за тоа ни ја дава фактот што со усвојувањето на Законот за енергетика во најголем дел ја усвоивме и регулативата  која е поврзана со имплементација на третиот енергетски пакет. За да се стекнеме со таков статус ќе треба да добиеме и позитивно мислење од Енергетската заедница, рече Бислимовски.

Претседателот на Претседателството на ЕРРА, Март Отс посочи дека асоцијацијата започна со работа во 2001 година како регионална, а со текот на времето прерасна во глобална.

– ЕРРА особено ја потенцира важноста на регулаторната независност посебно во периодот на големите промени во енергетскиот сектор  и ги охрабрува регулаторите да продолжат и понатаму да работат во стабилни и предвидливи регулаторни рамки, рече Отс.

ЕРРА, со седиште во Будимпешта, е стручна асоцијација во која членуваат 33 земји членки и 10 придружни членки, чија главна цел е да ја зголеми размената на информации и искуства од областа на енергетиката меѓу своите членки, да ја подобри соработката меѓу енергетските регулатори, да ја подобри националната енергетска регулатива во земјите-членки и да го прошири пристапот до регулаторното искуство во областа на енергетиката ширум светот.

Сејдини: Една прифатена и три одбиени тужби поврзани со изборите

 Управниот суд досега постапувал по четири случаи поврзани со претседателските и предвремени избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, изјави денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

 Управниот суд досега постапувал по четири случаи поврзани со претседателските и предвремени избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, од кои три се одбиени и една е уважена, изјави денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

– Во петокот уважена е тужбата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со која се поништува одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата од 17 април 2019 година за отворање на постапка за истражување на исплатата на субвенции, изјави Сејдини.

Отфрлени се двете тужби на 1ТВ против ценовникот на ДИК за изборно рекламирање и една која се однесува за заштита на избирачко право поднесена од страна на Стево Митевски со која бара упис во Избирачкиот список.

Сејдини посочи дека нема да ги коментира одлуките, кои се образложени и јавно достапни на веб страницата на Управниот суд.

Претседателот на Управниот суд посочи дека очекува и вториот круг од претседателските избори да мине во најдобар ред како и првиот.

– Резултатите од првиот изборен круг сите ги знаеме и не очекуваме тужби по вчерашниот мирен изборен ден. Доколку има тужби во вториот круг, јавноста ќе биде официјално информирана за јавните седници на кои ќе се одлучува по нив, изјави Сејдини.

Посочи дека во март годинава се формирани пет совети кои по случаен избор одлучуваат по тужбите доколку ги има. Рокот за одлучување на Управниот суд е 48 часа од моментот на поднесување на тужбата. На минатите избори до Управниот суд биле поднесени 27 тужби. /МИА.

Во Софија Гранд При македонски краткометражен игран филм!

Краткометражниот дипломски игран филм "Обид за среќна приказна" на режисерката Лавинија Софрониевска ја освои највисоката награда Гранд При  на Интернационалниот Студентски Филмски Фестивал „New Wave“ во Софија.

Жирито едногласно го прогласил филмот за добитник на главната награда и упатило пофални зборови за севкупната режија, продукција, кастинг, камера, монтажа и сценарио. 

Филмот е шармантна, необична и нелинеарна приказна за животот на две сестри, а во главните улоги се појавуваат Тамара Ристоска, Матеа Јанковска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Кристина Леловац. 


„Само Вистина“ вечерва со Филип Петровски и Стојанче Ангелов

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Филип Петровски и Стојанче Ангелов

Драги гледачи, неуморни сонувачи, време е за првата АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСИТЕ ИЗБОРИ 2019 ГОДИНА. Вечерашни специјални, но и вонредни и ополномоштени аналитичари се: Филип Петровски и Стојанче Ангелов.

Опозицијата доста бучно и среќно и власта поскромно вчеравечер скандираа во име на победата додека опонентите на теренот „се бркаа“ со гласовите, за на крајот Пендаровски во фото финиш прв ја помине целта. Победата Пендаровски ја преточи во оптимизам дека во вториот круг ќе „тепа“ уште поубедливо – дали Заев може да го размести екипажот на бродот за да го оддалечи уште подалеку од копното?

Сиљановска, пак, ја обои мапата на Државната изборна комисија во црвено. Колку ова го наполни „политичкото его“ на Мицкоски за да може да биде достоен противник доколку евентуално изнуди предвремени парламентарни избори?

Што добија и што изгубија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто ВМРО ДПМНЕ слави кога овие бројки се нивните најслаби во последните десетина години? На што се надева Заев и како СДСМ да го мобилизира своето демотивирано гласачко тело?

Ќе ги „украде“ ли некој 80 илјади гласови од Река или ќе завршат на ничиј терен?

Навидум здодевните предизборни кампањи очигледно не ги изнесе граѓаните од дома. Ќе бидат ли Албанците „мангупи“ и ќе си седат ли дома во вториот круг за да конечно добијат, макар привремено, Претседател на државата, во ликот и делото на Талат Џафери?

Вечерва, никако не смеете да ја пропуштите оваа анализа на двајцата идеолошки дијаметрално антагонистички поставени гости. Не пропуштајте ја денешната АНАЛИЗА на вчерашните резултати, каде ако не во „Само Вистина“ со Филип Петровски и Стојанче Ангелов – на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер