Раст кај цените во земјоделството

Цените во земјоделството во март 2019 година, во однос на тој  месец лани, кај инпутот е зголемен за 2,1 отсто, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во март 2019 година, во споредба со март 2018 година,цените на инпутот, односно тековно потрошени средства во земјоделството се зголемиле за 2,4 отсто, а индексот на цените на инпут 2, односно средства наменети за инвестиции во земјоделството се намалиле за 1,6 отсто.

Во делот аутпут, во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, цените на растителното производство забележале раст од 1,5 отсто, а цените на добиточното производство изнесува се непроменети.

Променет режим на сообраќај на патниот правец Гостивар-Маврово

Поради градежни активности на автопатот А2 денеска на патниот правец Гостивар-Маврово ќе има променет режим на сообраќај, информираат од АМСМ.

– Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека на ден 18.06.2019 година ќе се започне со изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, патен правец Гостивар-Маврово, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, се наведува во соопштението од АМСМ.

Промоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан Марковски

Промоција на книгите „Болката на јаболкото" од Санде Стојчевски, „Мини прирачник за поезија" од Елена Пренџова и „Хипербог" од Стефан Марковски, ќе бидат промовирани вечерва во Салон 19:19, во Културно-информативниот центар – Скопје.

Како што најавија од КИЦ-Скопје, книгите ќе ги промовира Филип Клетников, а извадоци ќе читаат авторите.

Санде Стојчевски е реномиран македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга" – Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Елена Пренџова (1985, Скопје) е поетеса и слемерка. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На книжевната сцена е присутна една деценија, како авторка на шест поетски збирки, од кои четири се наградени со национални награди, и има една коавторска двојазична збирка, во препев на српски. Денес е една од уредниците на најстарото книжевно списание „Современост" и активна членка на ДПМ од 2012 год. Последните неколку години организира слем-натпревари во градовите низ Македонија.

Стефан Марковски е роден и израснат во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет и Институтот за филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а магистрирал Сценарио за филм и ТВ на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Марковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт и други здруженија. 

САД ќе испратат околу илјада војници на Блискиот исток како одговор на „заканата“ од Иран

САД ќе испратат околу илјада војници и воена опрема на блискиот исток како одговор на „заканата“ од Иран, изјавија синоќа од Пентагон

Според него, Вашингтон не оди во конфликт со Иран. Мерката е во прилог на безбедноста на веќе присутните воени служби и заштита на националните интереси на САД во регионот.

Како што е веќе познато, на 13 јули во Оманскиот залив се случија експлозии на два нафтени танкера, јапонски и норвешки.  Танкерите биле нападнати во близина на Ормускиот теснец.

Сите 44 морнари на тие пловила се евакуирани од ирански итни служби и префрлени во пристаништето Џаск, лоцирано на територија на Иран.

Одговорноста за експлозиите САД ја префрлаат на Иран, а Техеран ги отфрла обвинувањата.

притисни ентер