Што покажаа денешните анкети за претседателските кандидати пред првиот круг?

Кандидатот на власта Стево Пендаровски во благо водство пред кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска за иден претседател.

Покажуваат псоледните две анкети на „Рејтинг„ и на МЦМС и Институтот за демократија „Социетас цивилис“. 38,3 проценти од испитаниците од анкетата на Рејтинг кои потврдиле дека ќе излезат на гласање на 21 април гласот ќе го дадат за Пендаровски, 33,2 отсто би галсале за Силјаносвка, а 12,6 проценти за Река.16 отсто од испитаниците пак се уште не одлучиле за кого ќе го дадат гласот в недела.

Нешто помала е предноста на Пендаровски пред Силјановска според анкетата на МЦМС, според која 27,2% в недела би галсале за кандидатот на СДСМ и ДУИ, наспроти 23,5% кои својот глас ќе го дадат за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска. Кандидатот на БЕСА и Алијансата ќе го заокружат 11 проценти од испитаниците. Високи 18 отсто од испитаниците и во оваа анкета се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас. Силјаносвка, според истата анкета ужива поголема поддршка кај е етничките Македонците, додека Пендаровски има поголема поддршка кај Албанците. Најголем дел од етничките Албанци 41,6% одговориле дека ќе гласаат за Блерим Река.

Во однос на излезноста пак, која останува голем предизвик на престојните избори, според анкетата на МСМС 68,1% од испитаниците се изјасниле дека ќе излезат на гласање, но одн нив само 41,8 отсто потврдиле дека со сигурност ќе гласаат на изборите, а речиси секој петти гласач, односно 18,3% се ијаснил дека со сигурност нема да гласа за иден шеф на државата.

Околу 70 отсто од граѓаните во анкетата на рејтинг посочиле дека редовно, често или понекогаш ја следат претседателската кампања. Околу 60 проценти од нив за кампањите се информирале од телевизиите, околу 20 проценти од социјалните мрежи, а 7,5 кампањата на Силјановска, Пендаровски и Река ја следеле на интернет порталите.

Анкетата на Рејтинг е спроведена врз 1112 испитаници во периодот од 8-14 април, а на МСМЦ врз 967 испитаници од 7 до 11-ти месецов.

Рокот за објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, според роковникот на ДИК, истекува дененска на полноќ.

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

притисни ентер