Каква кампања ќе имаме во финалните пет дена?

Уште пет дена за кандидатите за претседател да ги убедат граѓаните на 21-ви април да излезат на избирачките места и да го дадат гласот за еден од нив. 

Аналитичарите очекуваат заострена реторика и се почести напади со „ниски удари“.

Политичкиот аналитичар Тодор Пендаров вели она што досега го видовме беше „традиционален балкански политички фолклор“ а главни носители на активностите останаа  партиските лидери. Очекува предизборните активности во финишот пред првиот круг од гласањето да добијат на интензивите и да следиме негативна кампања во поголем дел.

Денеска истекува рокот за објава на анкети во пресрет на гласањето в недели. Според Пендаров, резултатите од анкетите не влијаат многу врз одлуката на гласачите за тоа дали да излезат на гласање и за кого да го дадат својот глас. Цени дека тројцата кандидати досега се задржаа во рамките на она што досега сме го виделе и чуле и дека не понудија мотив плус за граѓаните в недела да излезат на избирачките места во бројка која би го надминала просекот од претходните избори.

В петок на полноќ стапува изборниот молк. В сабота гласаат затворениците, дијаспората и болните. Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список кој што вклучува 1. 808 131 гласач. Според оваа бројка за победа во првиот круг на еден од кандидатите би му биле потребни 904.066 гласови, што според резултатите од досегашните изборни циклуси е недостижна бројка.

ОЈО: Испукани повеќе куршуми од близина во таткото и детето кај Слупчане

Истрелани биле повеќе куршуми од близина во возилото каде вчера беа пронајдени телата на таткото и детето во атарот на селото Слупчане. 

Ќе се врши обдукција, ќе се вештачат подигнатите траги од местото и возилото, соопшти денеска обвинителството кое извршило увид.

-Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на село Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми. На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место, се наведува во соопштението на обвинителството.

По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место кои ќе се вештачат.

– Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и наредба за вршење обдукција на телата на починатите, стои во соопштението на обвинителството.

Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија, со цел целосно расчистување на настанот.

Сејдини: Една прифатена и три одбиени тужби поврзани со изборите

 Управниот суд досега постапувал по четири случаи поврзани со претседателските и предвремени избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, изјави денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

 Управниот суд досега постапувал по четири случаи поврзани со претседателските и предвремени избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, од кои три се одбиени и една е уважена, изјави денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

– Во петокот уважена е тужбата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со која се поништува одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата од 17 април 2019 година за отворање на постапка за истражување на исплатата на субвенции, изјави Сејдини.

Отфрлени се двете тужби на 1ТВ против ценовникот на ДИК за изборно рекламирање и една која се однесува за заштита на избирачко право поднесена од страна на Стево Митевски со која бара упис во Избирачкиот список.

Сејдини посочи дека нема да ги коментира одлуките, кои се образложени и јавно достапни на веб страницата на Управниот суд.

Претседателот на Управниот суд посочи дека очекува и вториот круг од претседателските избори да мине во најдобар ред како и првиот.

– Резултатите од првиот изборен круг сите ги знаеме и не очекуваме тужби по вчерашниот мирен изборен ден. Доколку има тужби во вториот круг, јавноста ќе биде официјално информирана за јавните седници на кои ќе се одлучува по нив, изјави Сејдини.

Посочи дека во март годинава се формирани пет совети кои по случаен избор одлучуваат по тужбите доколку ги има. Рокот за одлучување на Управниот суд е 48 часа од моментот на поднесување на тужбата. На минатите избори до Управниот суд биле поднесени 27 тужби. /МИА.

Во Софија Гранд При македонски краткометражен игран филм!

Краткометражниот дипломски игран филм "Обид за среќна приказна" на режисерката Лавинија Софрониевска ја освои највисоката награда Гранд При  на Интернационалниот Студентски Филмски Фестивал „New Wave“ во Софија.

Жирито едногласно го прогласил филмот за добитник на главната награда и упатило пофални зборови за севкупната режија, продукција, кастинг, камера, монтажа и сценарио. 

Филмот е шармантна, необична и нелинеарна приказна за животот на две сестри, а во главните улоги се појавуваат Тамара Ристоска, Матеа Јанковска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Кристина Леловац. 


притисни ентер