Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Иванка Василевска и Павле Богоевски

Почитувани гледачи, црвени, сини и оние кои се уште го бараат својот колорит – ги користиме ли вистинските состојки кои ќе ни донесат заедништво или повторно се вовлекуваме во политики на поделби?

И вечерва во вашата САМО ВИСТИНА ви подготвивме жежок дуел, одлично скроен како за почеток на неделата, со универзитетската професорка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска и независниот пратеник во Собранието Павле Богоевски.

Кој собра повеќе приврзаници на скопските улици изминатиов викенд? Кој понуди сендвичи со природен а не растителен кашкавал? Дали има повеќе автобуси по „Партизанска“ и „Гоце Делчев“ во сабота или недела? Адреналинска кулминација и многу „фејк њуз“ во финишот од претседателската кампања пред изборниот молк – Кој професор ќе го заврши успешно „предавањето“ без да избегаат од „часот“ кротките „слушатели“?

Како да се сузбие епидемијата на селективна правда која е повеќе од клучна за европското зелено светло? Опозицијата до Правда врачи нови забелешки за последната верзија од Законот за СЈО – на повидок ли е неделава нова средба на Заев и Мицкоски?

Кулата од ветувања се гради ли гради а здравството е на стаклени нозе - четири месеци не може да се најде „чаре“ за морбилите. Ќе и зададе ли овој горлив проблем удар на актуелната власт?

До кога ќе правиме чекор напред а три назад? Не нè пропуштајте и вечерва со Иванка Василевска и Павле Богоевски во САМО ВИСТИНА на Канал 5 Телевизија.

Министерски совет на ЕУ за Македонија и за Албанија

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од западниот Балкан и проширувањето.

 Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи.

Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок.

Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

Коловозите влажни, можни одрони низ котлините и клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево-Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за рсчистување на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ФЕИТ одбележува 60 години постоење

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во рамки на одбележувањето шест децении од основањето, денеска ќе им додели „Златна диплома" на сите студенти кои дипломирале пред 50 години.

Според факултетот, ќе бидат доделени 60-тина дипломи на дипломирани електроинженери од првите генерации. 

притисни ентер