Продавачка повредена при грабеж на Тобако во Тетово

Синоќа жена е повредена со остар предмет при грабеж на Тобако во Тетово.

Инцидентот се случил на улица „Борис Кидрич“, кога разбојникот упаднал во продавницата и и се заканил на вработената, при што одзел неколку илјади денари.

 Неофицијално, тој во нападот користел штрафцигер.

 Од СВР Тетово велат дека  имаат сознанија за идентитетот на сторителот и трагаат по него.

Во Штип инфо сесија за Законот за финансиска дисциплина

 Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива денеска во Штип ќе одржи инфо сесија на тема „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори".

Целта на настанот е претставување на Законот за финансиска дисциплина и идентификување на предизвиците со кои се соочуваат компаниите при неговата имплементација, како и дефинирање конкретни предлози и решенија за подобрување на правната рамка.

Според организаторот, целта на предлозите од инфо сесијата е подобрување на условите за работа на компаниите.

На настанот ќе присуствуваат претставници на релевантни институции, стопанственици и експерти.

Министерски совет на ЕУ за Македонија и за Албанија

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од западниот Балкан и проширувањето.

 Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи.

Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок.

Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

Коловозите влажни, можни одрони низ котлините и клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево-Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за рсчистување на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

притисни ентер