Русија го има најголемиот хеликоптер на светот!!

Русија го престави најголемиот хеликоптер на светот.

Во московската фабрика за хеликоптери „Милј“ (МВЗ) прв пат е преставен воениот транспортен хеликоптер Ми-26 Т2В. Станува збор за најновата модификација на најголемиот хеликоптер на светот, кој е изработен по налог на Воздушно- вселенските сили на Русија.

„Ми-26“чии производител на фабриката „Ростверол“ од Ростов на Дон се смета за најголемиот транспортен хеликоптер на светот. Хеликоптер сличен на Ми-26 се произведува уште само во САД, но со многу помала носивост.

Хеликоптерот Ми -26 прв пат е произведен уште во седумдесеттите години на 20 век бил замена за тешкиот хеликоптер Ми – 6, од тогаш па се до денеска хеликоптерот се модернизира и сега е вистинско супер летало.

Должината на овој неверојатен хеликоптер изнесува цели 40 метри, може да полета со тежина од 56 тони, широчината на просторот за товар е 3,2 метри и има простор од 11- кубни метри , може да се смести воен камион „Урал“.

Хеликоптерот може да носи до 20 тони товар во кабината или на надворешна сајла, носивоста на американскиот хеликоптер „Сикорси“ ЦХ-53Е е нешто помала од 14 тони во кабината, а на надворешната сајла 14,5 тони.

Огромниот воен транспортен хеликоптер може да прими 85 војници од пешадија , до 70 падобранци со полна опрема или 60 ранети на носила.

Два турбомлазни мотори со сила од 11000 коњски сили го осигуруваат подигнувањето на хеликоптерот во воздух. Моторите се опремени со ротори со дијаметар од 32 метри со осум елиси.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер