Триесет сантиметри снег на Попова Шапка

Трисетина сантиметри нов снег наврнаа ноќеска на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка. 

Според вработените во сместувачките капацитети, снегот почна да паѓа во неделата околу 20 часот и во текот на ноќта формираше значителна снежна покривка.

-Може да каже дека снегот изненади. Последен пат имаше наврнато во февруари, а во март ниту еден ден немаше нов снег. Сега за кратко време се формираше покривка, а продолжува да паѓа и утринава, изјави Тихомир Ановски од сместувачкиот капацитет „Конак".

Тој вели дека не верува оти скијачката сезона ќе продолжи, бидејќи во април температурите се повисоки и снегот брзо ќе се стопи.

-Се зависи од временските услови. Сепак е април и температурите се повисоки па очекувам снегот брзо да се стопи. Во секој случај би требало да го има неколку ден,вели Ановски.

Снегот го има и регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, а според Ановски тешко е за движење поради постојаните врнежи. Може да се помине само со теренско возило, а не со патничко моторно возило.

Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека на Попова Шапка во наредните денови според метеролошката состојба се можни и нови врнежи од снег. 

Сејдини: Една прифатена и три одбиени тужби поврзани со изборите

 Управниот суд досега постапувал по четири случаи поврзани со претседателските и предвремени избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, изјави денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

 Управниот суд досега постапувал по четири случаи поврзани со претседателските и предвремени избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, од кои три се одбиени и една е уважена, изјави денеска претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

– Во петокот уважена е тужбата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со која се поништува одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата од 17 април 2019 година за отворање на постапка за истражување на исплатата на субвенции, изјави Сејдини.

Отфрлени се двете тужби на 1ТВ против ценовникот на ДИК за изборно рекламирање и една која се однесува за заштита на избирачко право поднесена од страна на Стево Митевски со која бара упис во Избирачкиот список.

Сејдини посочи дека нема да ги коментира одлуките, кои се образложени и јавно достапни на веб страницата на Управниот суд.

Претседателот на Управниот суд посочи дека очекува и вториот круг од претседателските избори да мине во најдобар ред како и првиот.

– Резултатите од првиот изборен круг сите ги знаеме и не очекуваме тужби по вчерашниот мирен изборен ден. Доколку има тужби во вториот круг, јавноста ќе биде официјално информирана за јавните седници на кои ќе се одлучува по нив, изјави Сејдини.

Посочи дека во март годинава се формирани пет совети кои по случаен избор одлучуваат по тужбите доколку ги има. Рокот за одлучување на Управниот суд е 48 часа од моментот на поднесување на тужбата. На минатите избори до Управниот суд биле поднесени 27 тужби. /МИА.

Во Софија Гранд При македонски краткометражен игран филм!

Краткометражниот дипломски игран филм "Обид за среќна приказна" на режисерката Лавинија Софрониевска ја освои највисоката награда Гранд При  на Интернационалниот Студентски Филмски Фестивал „New Wave“ во Софија.

Жирито едногласно го прогласил филмот за добитник на главната награда и упатило пофални зборови за севкупната режија, продукција, кастинг, камера, монтажа и сценарио. 

Филмот е шармантна, необична и нелинеарна приказна за животот на две сестри, а во главните улоги се појавуваат Тамара Ристоска, Матеа Јанковска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Кристина Леловац. 


„Само Вистина“ вечерва со Филип Петровски и Стојанче Ангелов

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Филип Петровски и Стојанче Ангелов

Драги гледачи, неуморни сонувачи, време е за првата АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСИТЕ ИЗБОРИ 2019 ГОДИНА. Вечерашни специјални, но и вонредни и ополномоштени аналитичари се: Филип Петровски и Стојанче Ангелов.

Опозицијата доста бучно и среќно и власта поскромно вчеравечер скандираа во име на победата додека опонентите на теренот „се бркаа“ со гласовите, за на крајот Пендаровски во фото финиш прв ја помине целта. Победата Пендаровски ја преточи во оптимизам дека во вториот круг ќе „тепа“ уште поубедливо – дали Заев може да го размести екипажот на бродот за да го оддалечи уште подалеку од копното?

Сиљановска, пак, ја обои мапата на Државната изборна комисија во црвено. Колку ова го наполни „политичкото его“ на Мицкоски за да може да биде достоен противник доколку евентуално изнуди предвремени парламентарни избори?

Што добија и што изгубија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто ВМРО ДПМНЕ слави кога овие бројки се нивните најслаби во последните десетина години? На што се надева Заев и како СДСМ да го мобилизира своето демотивирано гласачко тело?

Ќе ги „украде“ ли некој 80 илјади гласови од Река или ќе завршат на ничиј терен?

Навидум здодевните предизборни кампањи очигледно не ги изнесе граѓаните од дома. Ќе бидат ли Албанците „мангупи“ и ќе си седат ли дома во вториот круг за да конечно добијат, макар привремено, Претседател на државата, во ликот и делото на Талат Џафери?

Вечерва, никако не смеете да ја пропуштите оваа анализа на двајцата идеолошки дијаметрално антагонистички поставени гости. Не пропуштајте ја денешната АНАЛИЗА на вчерашните резултати, каде ако не во „Само Вистина“ со Филип Петровски и Стојанче Ангелов – на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер