Облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд

Во нашата земја не очекува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд.

На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.

Утринските температури во земјава ќе се движат од 1 до 10 степени, а додека дневните температури ќе бидат до 15 степени  Целзиусови. Кон крајот на денот врнежите се очекува да престанат

Прогнозата за утре е променливо облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Потопло време без врнежи се очекува од среда

Промоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан Марковски

Промоција на книгите „Болката на јаболкото" од Санде Стојчевски, „Мини прирачник за поезија" од Елена Пренџова и „Хипербог" од Стефан Марковски, ќе бидат промовирани вечерва во Салон 19:19, во Културно-информативниот центар – Скопје.

Како што најавија од КИЦ-Скопје, книгите ќе ги промовира Филип Клетников, а извадоци ќе читаат авторите.

Санде Стојчевски е реномиран македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга" – Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Елена Пренџова (1985, Скопје) е поетеса и слемерка. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На книжевната сцена е присутна една деценија, како авторка на шест поетски збирки, од кои четири се наградени со национални награди, и има една коавторска двојазична збирка, во препев на српски. Денес е една од уредниците на најстарото книжевно списание „Современост" и активна членка на ДПМ од 2012 год. Последните неколку години организира слем-натпревари во градовите низ Македонија.

Стефан Марковски е роден и израснат во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет и Институтот за филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а магистрирал Сценарио за филм и ТВ на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Марковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт и други здруженија. 

САД ќе испратат околу илјада војници на Блискиот исток како одговор на „заканата“ од Иран

САД ќе испратат околу илјада војници и воена опрема на блискиот исток како одговор на „заканата“ од Иран, изјавија синоќа од Пентагон

Според него, Вашингтон не оди во конфликт со Иран. Мерката е во прилог на безбедноста на веќе присутните воени служби и заштита на националните интереси на САД во регионот.

Како што е веќе познато, на 13 јули во Оманскиот залив се случија експлозии на два нафтени танкера, јапонски и норвешки.  Танкерите биле нападнати во близина на Ормускиот теснец.

Сите 44 морнари на тие пловила се евакуирани од ирански итни служби и префрлени во пристаништето Џаск, лоцирано на територија на Иран.

Одговорноста за експлозиите САД ја префрлаат на Иран, а Техеран ги отфрла обвинувањата.

Најдоцна до петок владејачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција

Најдоцна до петок владејачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција.

Ова вчера го најави  и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во синоќешното гостување на телевизиска  емисија. Таа рече дека најавената реконструкција ќе се случи наскоро.

-Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во собранието-рече Шекеринска која потенцираше дека следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.  

Се очекува осуммина министри да ги предадат фотелјите, извори од владината коалиција велат дека дел ќе бидат ротации, а дел нови решенија. Освен на министерско ниво, новиот кадровски бран ќе опфати и над 20 директори

За сега се знае дека  министерот за земјоделие Љупчо Николовски заминува од функцијата и ќе продолжи да работи во партијата.

притисни ентер